Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Водата во велешко езеро „Младост“ и натаму не смее да се користи за капење и рекреација, но може да се користи за полевање на околните лозови насади
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Водата во велешко езеро „Младост“ и натаму не смее да се користи за капење и рекреација, но може да се користи за полевање на околните лозови насади
Агровести

Водата во велешко езеро „Младост“ и натаму не смее да се користи за капење и рекреација, но може да се користи за полевање на околните лозови насади

Објавено 24/07/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според последните анализи од стручните лица од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес, направени овој месец, водата во вештачката акумулација езеро „Младост“ кај Велес и понатаму е забранета да се користи за капење и рекреација, се додека од страна на стручна институција не се докаже отсуство на цијанобактерии, но и цијанотоксини. – Со тоа би можело да се изврши комплетна проценка на безбедност на водата, се вели во извештајот на оваа јавна здравствена институција објавен на веб-страницата на Општина Велес.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес како важно го истакнуваат фактот дека од извршениот санитарно-хигиенски увид на езеро „Младост“ на мерно место „Градска плажа“ се заклучува оти постои видлива пролиферација на алги, зелени перничиња по површината на водата, пивтиеста зелено-кафенкаста желатонозна маса, како и појава на пена на крајбрежјето, поради што водата се забранува за капење и рекреација. 

Во извештајот на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, врз основа на лабараториските наоди анализираната мостра на вода по однос на микробиолошките индикатори е оценета одлично, по однос на физичко-хемиските параметри одговара на 5-та класа, по присуство на амонијак. Водата во езерото е 3 класа по заситеност со кислород, матност и сув остаток, по однос на останати испитани параметри е во 2 и 1 класа.

Инаку, според анализите на водата на велешко езеро „Младост“ од изминатиот месец извршени од страна на стручна екипа на Хидробилошкиот завод од Охрид  од мостри земени на 09.06.2026 година водата ги задоволува критериумите за користење за потребите на наводнување“.

Првичната намена на езерото „Младост“ кое е  вештачки изградено во 1962 година била токму за полевање на лозовите насади на тогашниот Агрокомбинат „Лозар“, а сега во приватна сопственост. 

Препораката на стручњаците од Хидробиолошки завод од Охрид е што пoскоро да се изврши дотур на свежа вода во езерото „Младост“. Воедно при појава на наслаги од алги и други материи, тие препорачуваат нивно чистење, како што беше извршено изминатите лета.

Tие наведуваат дека при појава на наслаги по површината како што ги има сега на езеро „Младост“ дека е  потребно нивно механичко чистење, нивно отстранување, како и багерирање на оние наталожени на дното.  Инаку, наслагите се посебно изразени кај Отовички залив на езеро „Младост“ кој е и најзагаден.

Градоначалникот Марко Колев информира дека на барање на Хидробилошкиот завод од Охрид обезбедени се средства за да се исчисти каналот по Отовичка река, во должина од 900 местри од ѓубре, смет, отпад, трски и тиња. Вредноста на проектот е  над 5 милиони денари, кои половина ги обезбеди Владата преку Министерството за локална самоуправа, а половина Општина Велес. Од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион кои го направија проектот за МИА информираат дека постапката на Општина Велес е во тек за чистење на Отовички залив. 

Инаку велешко езеро „Младост“ омиленото рекреативно место на велешани и бројни туристи е забрането за капење веќе трето лето.

МИА

Може да ви се допадне

Во Крушево водата е бактериолошки неисправна, да се пие само пакувана
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Утре пороен дожд, грмежи и температури до 27 степени
АФПЗРР: ВОДИЧ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИ за директни плаќања во земјоделството за 2026 година
Започнува поднесувањето на барања за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година
Таг:водатакапењелозови насадиМладострекреација
Претходен напис На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Следен напис Во Крушево водата е бактериолошки неисправна, да се пие само пакувана
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?