Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува садењето на тутунот, производителите очекуваат добра година и повисоки цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува садењето на тутунот, производителите очекуваат добра година и повисоки цени
Агровести

Почнува садењето на тутунот, производителите очекуваат добра година и повисоки цени

Објавено 30/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почнува садењето на тутунот од новата реколта. Засега некои производители од Прилепско-пелагонискиот регион почнаа да садат, а поинтензивно ќе биде во текот на мај.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, вели дека годинава со откупувачите е договорено производство од околу 26 400 тони, што е повеќе од лани и очекуваат добра година.

-Некои тутунопроизводители од Пелагониско веќе почнаа со садењето на новата реколта тутун. Очекуваме со почетокот на мај садењето да биде поинтензивно на целата територија. Моментално тутуновиот расад е добар и се очекува временските услови да помогнат и навреме да се засади. Ако лани беа договорени под 26 000 тони, иако производната година беше околу 21 000 тони тутун, годинава се договорени да се произведат околу 26 400 тони тутун. Можеби причината е што лани тутунарите добро поминаа: родот беше квалитетен, брзо се откупи и се постигна просечна цена од 290 денари за килограм. Сепак, останува да се види дали договореното ќе се исполни, изјави Стомнароски.

Тутунарите и годинава ќе бараат зголемување на цената на тутунот зашто се поголеми трошоците за производство.

-Очекуваме добра производна година, иако многу зависиме од временските услови, очекуваме цените да се зголемат, да стигнеме до реални исплатливи цени за одржливот на тутунопроизводството. Само исплатливоста може да ги привлече помладите генерации да го садат тутунот за да не остане само повозрасните да се занимаваат со тутунопроизводството, смета Стомнароски.

Деновиве на тутунарите им се исплаќаат субвенциите за ланската реколта. На околу 16 000 тутунари за ланскиот род им се префрлени 26 милиони евра на име субвенции. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски при посетата на Прилеп и на тутунарите увери дека министерството и државата остануваат да ги поддржуваат производителите.

-Секако дека тутунопроизводителите ја имаат сета наша поддршка како и досега. Даваме максимална поддршка во дијалогот што ќе го го имаат со откупувачите за повисоки цени. Тутунопроизводството е македонска традиција и преку тоа државата обезбедува најголем девизен прилив. Тутунот е најизвезуван производ, а по него се виното, конзервната индустрија, изјави во Прилеп министерот Николовски.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:тутунТутунопроизводство
Претходен напис Сите категоризирани угостителски објекти и лиценцирани туристички агенции имаат право да аплицираат за 150.000 денари – субвенции за дигитализација на секторот
Следен напис Жители на Ресава и Дабниште го чистеа Дабнишки канал од кој се наводнуваат нивите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?