Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Плетењето е традиција која не треба да се заборави – тоа е приказна со душа!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Плетењето е традиција која не треба да се заборави – тоа е приказна со душа!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

Плетењето е традиција која не треба да се заборави – тоа е приказна со душа!

Објавено 17/12/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денес, кога живееме еден динамичен живот и кога речиси и да нема време за традиционалните вредности, дружби и творби, вредната Нада Крстевска (54) , домаќинка од село Станци, кривопаланечко, секојдневно работи на зачувување на рачната изработка, а со тоа придонесува и за промоција на овој крај. За неа зимата е идеален период да се направат бројни рачни изработки кои сериозно го привлекуваат вниманието на љубителите на народното.

Кај нашиот народ плетењето било многу важно во минатото и чест начин да се дополни гардеробата како и украсување на носиите. Порано плетењето и везењето,  биле составен дел од денот речиси  на секоја жена. Секоја девојка  уште од раното детство била упатувана во оваа вештина.

-„Со плетење на две игли, волна, свилен или памучен конец, се занимавам уште од детството. Имав некаде околу десет години кога прв пат зедов игли в рака.  Уште како мала,  додека ја гледав мајка ми со плеталото во раце, почнав и јас да плетам, а  подоцна  започнав и  да везам“, вели Нада Крстевска. 

Оваа традиционална вештина, која ако некогаш можеби била хоби или потреба сега е добар начин за остварување на приход . Така на пример од оваа вредна жена, можете да купите џемпери за деца и возрасни, капи, шалови, калчунки, чорапи, елеци, чаршафи за на маса плетени од тенок конец, разни милиња како и ред други рачни  изработки кои потсетуваат на едно време кога сиве овие прекрасни изработки ги имало во секое домаќинство.

Секое парче облека, Нада може да го изработи  на различен начин, по своја идеја или пак по  шема и модел превземени од некои интернет страници наменети токму за рачни изработки.

Веднаш штом човек ќе влезе во куќата на Нада ја чувствува топлината на нејзиниот дом, во кој  насекаде има волна во различни бои, но и готови изработени парчиња облека , подготвени за продажба. Тука се џемперите со разни бои и дезени, кои претставуваат комбинација на модерното и традиционалното, потоа  елеци, долги и кратки, шарени капи, шалови, ракавици единствени предмети во кои ова вредна домаќинка ги исплела својата  умешност, љубов и трудољубивост. Би рекле дека, нема нешто што не знае да работи, игла, волна, разбој, вретено, а пак нејзините зелници се омилени на трпезата.

– „Покај рачните изработки, одам на нива, одгледувам компири, грав, пченка за сопствени потреби, а тука се и свињите, кокошките како и двете кози од чие млеко, да не бидам сега нескромна, ги правам највкусните сирења и урда. Недела е ден кога на мојата трпеза мора да има месено,без разлика  дали е пита, баница, зелник со праз…, топеница. За  моето семејство подготвувам храна со љубов, а неретко кога ќе пристигне некој муштерија да купи нешто од моите рачни изработки па и тој ќе проба од суканото“, ни вели оваа вредна домаќинка.

Меѓу кривопаланчани,Нада е позната и како жена која одлично се снаоѓа  во шиење на т.н ојки, чипка која се плете и рачно зашива на ракавите на кривопаланечката носија. 

– „ Со рачна изработка се занимавам прво затоа што ја сакам, а нормално и бидејќи од тоа може да се заработи и некој денар што е секако голема мотивација. Освен тоа, плетењето  ме поврзува со минатото, бидејќи тоа се техники кои сме ги научиле од нашите мајки, баби и нормално е дека сакам да ги одржам традиционалните вредности”, потенцира Крстевска.

Шетајќи низ одаите во куќата на Нада забелжлива е нашата воодушевеност од умешноста на ова вредна жена, а вниманието ни го привлече еден прекрасен долг и широк  џемпер со преубава боја и дезен. Па кој не би  посакал да го има на себе  во долгите и студени зимски денови. . Невообичаено мек и пријатен , секое конче на место, за око целосно  поинаков од останатите, го земате во рака и веднаш ви станува јасно дека оваа рачна изработка навистина вреди за својата цена, а која сепак не е висока.

А тука се  и чорапите, направени од чиста волна, чии мирис потсетува на традицијата, на стадо овци кои пасат по  ридот, со звончињата околу вратот и лаењето на шарпланинците кои ги насочуваат по патот. За вакво нешто и не  се прашува за цена,  за ваква рачна изработка секој потрошен дeнар  мора да го вреднува нивниот квалитет.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:Нада Крстевскаплетењерачна работаСтанци
Претходен напис Извршено примопредавање на должноста директор на АХВ
Следен напис Веб страницата на Стопанската комора најдобар бизнис/корпоративен сајт за 2020 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?