Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Платформа за одржлив развој „Лице в лице“: Живот и работа на село – Да или не?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Платформа за одржлив развој „Лице в лице“: Живот и работа на село – Да или не?
Агровест

Платформа за одржлив развој „Лице в лице“: Живот и работа на село – Да или не?

Објавено 29/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Животот на село може да биде привлечно решение за многумина. Овој концепт на живеење и работа во руралните области нуди и предности, но и значајни предизвици.
Ова е причината за средбата во организација на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, и Центарот за одржливи практики „Природна перспектива“, која се случи на 27 јуни во Стар Истевник, Делчево.
Работилницата има за цел да ги истражи искуствата на луѓето кои веќе живеат во рурални области, како и на оние кои размислуваат за преселба во село.

Руралните средини често се поврзуваат со мир и природна убавина, како и со чувство на заедништво што ретко се наоѓа во урбаните средини. Сепак, и покрај овие предности, руралните области често се соочуваат со предизвици како економско опаѓање, иселување на младите и маргинализација. Овие проблеми, заедно со недостатокот на основни услуги и инфраструктура, можат да ги направат руралните области помалку атрактивни за живот и работа.

Платформата „Лице в лице“ има за цел да ги разбере клучните фактори кои ги привлекуваат луѓето во руралните области и да ги идентификува предизвиците што треба да се решаваат, особено за помладата популација. Преку прашалник и директна комуникација со жителите на руралните области, „Лице в лице“ ќе собере важни информации кои ќе помогнат во креирањето на содржини и иницијативи за подобрување на условите за живот и работа во овие заедници.

Вашите искуства, планови и очекувања од животот во село ќе помогнат да се направат руралните средини попривлечни и одржливи за сегашните и идните жители. Заинтересираните може да го пополнат прашалникот на линкот.

Фото: Ирина Крстевска

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис Во Берово најстудено, најмногу дожд во Штип
Следен напис Многу топло со температура до 39 степени, од утре дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?