Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Овоштарникот го штитат со оросување: Засега успешно иако минусите се немилосрдни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Овоштарникот го штитат со оросување: Засега успешно иако минусите се немилосрдни
Совети

Овоштарникот го штитат со оросување: Засега успешно иако минусите се немилосрдни

Објавено 03/04/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Верувам дека ќе биде добро, но да почекаме да заврши. Системот за орсување кој го имаме е најмодерен начин за заштита на овошките, вели Никола Велички, претседател на Управата на фабриката РАБО и сопстевник на еден од најголемите овоштарници во Хрватска.

Овоштарите поминаа уште една непроспиена ноќ. Како овошките ќе издржат нов удар на мраз, тешко е да се претпостави дури и за оние кои имаат најмодерни системи за заштита на овошките од ниски температури. Еден од нив е Никола Велички, претседател на управата на фабриката РАБО во Барања која уште во 2012 година инвестирала во т.н.  антифрост систем кој со оросување штити нешто повеќе од 100 хектари овоштарници. Претежно јаболка и некои насади со нектарини.

„ Засега успешно се штитиме  како и во сите предходни години кога имаше пролетен мраз. Верувам дека се ќе биде добро, но да почекаме да заврши. Системот за оросување  кој го имаме е еден од најмодерните и најефкасните начини за заштита на овошките од пролетен мраз и работи на тој  принцип што кога температурите ќе се спуштат во минус, рамномерно распркува голема количина на вода преку овошкитеи и тоа цела ноќ досека трае мразот. Се сосзада мраз и како последица на тоа се ослбодува голема количина на топлинска енергија која дефакто го анулира минусот, поточно температурата постојано се двиќи околу 0.“

Оросувањето е најуспешен  начин за заштита на овошките

Имено, со тоа што се создава мраз тој ги обвиткува пупките односно цветовите и служи како физички изолаторво чија внатрешност температурата секогаш е околу нула степени што е доволно за да го зачува осетливиот цвет или малиот плод. На некој ова можеби му делува застрашувачк, но ова е најефикасен начин за заштита на овошките од мраз.“- ни открива еден од сопствениците на овоштарници во Хрватска.

Системот се состои од два дела : лагуна во која се сместува голема количина на вода и која вода потоа со помош на цевки се распределува по блокови и со специјални распркувачи се распрскува низ овоштарникот. Тука се секако и многу силните пумпи и филтри кои го сочиниваат овој голем систем.

Она што најмногу ги загрижува овоштарите  е тоа што овој пролетен мраз како за април е многу голем и долготраен.

„ Овие минусни температури наликуваат повеќе за зимски. Во еде момент измеризме и -6,5 степени Целзиусови надвор од овоштарникот.Во Меѓумурје и на други места беа измерени и -7 па дури и -9. Ваков мраз и не е баш вообичаен  за ово период посебно за оние кои немаат систем за заштита. Ситуацијата е навистина тешка и неизвесна , бидејќи ваквиот мраз може да предизвика штета и до 100%.“ –вели Велички.

 Инаку ова голема фабрика која повеќе од 60 % од своите производи ги извезува, годишно има принос од 7000 тони јаболка. Какво ќе им биде производството оваа година тешко е да се каже.

Глобална криза и шок за стопанството

Кризата не е како онаа од 2008 година иако таа наголемо навлезе во крвотокот и во секоја пора не само на глобалното стопанство туку и во секој сегмент од секојдневието на луѓето. Се подразбира дека  во ваков случај вообичаените обрасци или одбрамбени механизми не функционираат.Сите и буквал се мора да се прилагоди и тоа што е можно побрзо . Од ден за ден , иако јас сакам да ја знам приказната на долги патеки. Оваа ситуација едноставно бара таков пристап.“ ни рече сопственикот на фабриката која произведува садници и тоа 95 % за извоз.

Се менува перцепцијата на земјоделството

Сликата за целокупниот земјоделски сектор ќе се знае дури во наредните месеци бидејќи секоја сезона различно влијае на секторот. Во зависнот од тоа за кој производ се работи, ќе се знае во наредните месеци кога ќе се заврши со производството и кога ќе започне продажбата. Ова сето секако е и во корелација со туристичката сезона која исто така е неизвесна. Исто така ќе се знае и како целата ситуација ќе се одрази на потрошувачката моќ на луѓето дома и во странство.

„ Секако се надевам и верувам дека ќе го пребродиме сето ова“ нагласува сопственикот, кој сепак го радува една работа:

„ Сигурно ќе се смени перцепцијата за земјоделството и за домашното производство на храна. И тоа е добра работа за земјата и за производителите. Ќе се свати колку е тоа важна и стратешка работа. Сега никој не се тепа за некоја луксузна роба, туку секој се грижи за тоа како ќе купи добра и свежа храна за своето семјство. Кога ќе загусти тогаш гледаме што е навистина важно, а тоа пред се е хранта. Ако ова не треба да ни биде опомена во тој поглед тогаш навистина сме несериозни.Треба сите да вложиме напор за селата и луѓето во нив да опстанат и да сватиме дека производството на храна е стратешка дејност “ заклучува Никола Велички.

Извор :Агроклуб

Може да ви се допадне

Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Пет причини зошто да изберете ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР!
Примена на фертиригација кај овошните насади
Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Таг:Заштита на овошките од мразЗаштита со оросувањеРАБО БарањаХрватски стопанственицо
Претходен напис Ќе се укине забраната за извоз на брашно, залихи има, мелничарите работат одлично
Следен напис Козјото млеко, најголем заштитник на вашето здравје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?