Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Ќе се укине забраната за извоз на брашно, залихи има, мелничарите работат одлично


Ќе се укине забраната за извоз на брашно што беше воведена поради вонредната состојба, одлучи денеска Министерството за економија по средбата со мелничарите.

Како што соопшти министерот Крешник Бектеши, одлуката е донесена откако е утврдено дека мелничката индустрија работи одлично во моментов, залихи има и во приватните млинови и во стоковните резерви, а увозот на пченица во целото опкружување е дозволено.

Според Бектеши, одлуката за извоз на брашно веќе се подготвува, а се очекува да биде донесена на следната владина седница.

-Согласно сите податоци, мелничката индустрија работи одлично во моментов. Се отвора простор да ја измениме одлуката за забрана за извоз на брашното која беше воведена поради вонредната состојба, рече Бектеши.

Се потврдува, додаде, дека откако се прогласи пандемија поради коронавирусот, Владата донесе исправни одлуки.

-Немаме проблеми со снабдување со брашно, ниту покачување на цените. Ги заштитивме домаќинствата, потенцира министерот.

Дополни и дека на средбата со мелничарите се разговарало и околу други мерки кои би им овозможиле да бидат по конкурентни.

-Ги следиме сите случувања, посебно со цените и снабдувањето репроматеријали за основните производи. Така и ќе продолжиме за да овозможиме навремено снабдување, квалитет и незголемување на цените, рече Бектеши.

Претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора, Горан Малишиќ, изрази задоволсво од донесената одлука на средбата.

-Имавме правен проблем околу Одлуката, но верувам дека го надминавме. Очекуваме Владата да ги донесе измените најдоцна во понеделник. Залихите се доволни, увозот на пченицата во целото опкружување е дозволено. Во Одлуката се наведени производите, а не суровините поради што се случи блокада, истакна Малишиќ.

Тој претходно, во изјава за МИА соопшти дека вчера мелничката индустрија рече целосно беше во застој. Нарачки од домашните трговци немала, тие продавале главно српско брашно по повисоки цени зашто Одлуката тоа го дозволувала.

Апр 3, 2020agrotim1
Србија сака да ги заштити земјоделците: Размислува да воведе царини за увозот на овошје и зеленчукОвоштарникот го штитат со оросување: Засега успешно иако минусите се немилосрдни

Напишете коментар Откажи одговор

03/04/2020 ПазариБектеши, брашно, изво, мелничка индусрија, увоз85

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019