Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отворени саеми за органски производи и за за земјоделство, технологии, храна и преработки во Куманово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Отворени саеми за органски производи и за за земјоделство, технологии, храна и преработки во Куманово
Магазин

Отворени саеми за органски производи и за за земјоделство, технологии, храна и преработки во Куманово

Објавено 29/09/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– На денешниот шести по ред меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ 2023 и вториот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „Агро мак“ 2023 што се одржаа во Куманово, производителите од државата и регионот бараат максимална поддршка од надлежните за развој на органското производство.

Бројни излагачи ги презентираа производите на отворено пред комплексот базени во Куманово, а најмногу имаше производители на мед, чаеви, јаткасти производи, домашна традиционална храна, разни видови семиња. Производителите велат дека овие производи се квалитетни и се влог за здрав живот.

Претседателката на здружението „Живот“, Благица Гавриловска Цветковиќ рече дека последниве години индивидуалните земјоделци почнуваат да се вмрежуваат и постигнуваат поголеми успеси.

-Најголем процент се излагачи од државата како и претходните имаме и од Србија, Црна Гора, Унгарија, Бугарија, Турција, Албанија Грција … Добро е што има од различни држави, така што можат да си разменат искуства, да споделат добри практики, изјави Цветковиќ.

Производител Љупчо Стојчевски од Габреш, вели дека треба да има почесто да се има саеми кои промовираат здрави производи.

-Важно е да се поврземе со природата, додаде Стојчевски.

Поголем дел од изложувачите сметаат дека органското производство има иднина, дел веќе извезуваат, некои на почеток од производството се едуцираат, други бараат откупни центри, трети поголема поддршка. Согласни се дека мора да се консумира органска храна, хемијата кога тогаш ќе го земе својот данок.

-Треба повеќе да се работи и преку промоции да се промовира органското производство. Само здружено може да се извезе и надвор од земјава, органското производство е на цена, рече Кире Антевски кои нуди органски производи.

-Задоволни смеод  одзивот. Помогнаа и амбасадите кои ги повикаа нивните производители. Комуникацијата меѓу учесниците е одлична. Имаме и панели, дискусии тоа е особено важно за малите производители, вели Драган Цветковиќ од Комората на органски производители.

Покрај операторите со храна, на саемот учествуваа и компании што се занимаваат со производство и трговија на опрема и амбалажа за преработка, пакување, обележување и следење на прехранбени производи, како и производители и увозници на препарати и ѓубрива за органско производство и механизација.

Саемите имаат уникатна програма која вклучува повеќе содржински компоненти покрај изложбен, на кој учествуваат производители, откупувачи и преработувачи на храна, пијалаци и земјоделски производи, производители но и трговци со амбалажа, алати, опрема, машини и механизација, како и производители и трговци на семе и саден материјал, хортикултура и приходи во земјоделско производство.

Од Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ“ и Комората на Органски Производители – КОП од Куманово, кои се поддржани од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и општина Куманово, за организацијата на саемите, најавија дека вториот е промотивен дел за претставување на општини, стопански комори, кластери, асоцијации, федерации, задруги, здруженија, владини и невладини организации и агенции, но и Здруженијата на заедниците на националностите во РСМ и здруженијата и организациите кои ги негуваат традицијата, занаетите и фолклорот ќе приредат традиционални трпези на кои ќе презентираат традиционална храна, фолклор и култура.

Трета компонента е едукација, четвртата средби и презентации на компании, додека петата компонента е ревијална изложба на украсни, пердувести животни и домашни миленици. За време на саемот предвиден е и стручен натпревар на ученици од средни земјоделски училишта од државава, како и од Србија и Црна Гора. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:кумановоорганска хранасаем
Претходен напис Празник на сливата во Делчево
Следен напис Сончево со слаб ветер, температура до 30 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?