Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отворен повик за пчеларите и одгледувачите на свињи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Отворен повик за пчеларите и одгледувачите на свињи
Јавни огласи и повици

Отворен повик за пчеларите и одгледувачите на свињи

Објавено 15/03/2023
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ број 72/07, 5/09 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2023

за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за

финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година

  1. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следнава мерка:

Код на меркаНазив на меркатаМаксимална вредност на прифатливи трошоци
121Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства 
1Набавка на пчелни матици и пчелни роеви од одобрени одгледувалишта согласно Закон за сточарстводо 600.000 денари  прифатливи трошоци по поединечен корисник
2Набавка на  педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки ) од увоз или од признати организации согласно Законот за сточарстводо 6.500.000 денари  прифатливи трошоци по поединечен корисник
  1. КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти, и тоа:

Субјекти
Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој
  1. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата се наменети набавка на пчелни роеви и матици, нерези и назимки во периодот од 01 јануари до 31 декември 2022 година.

За Мерка 121, финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Ставката за кофинансирање се зголемува во случаите кога:

-се работи за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55%

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65%

-за инвестиции во недостапни рурални заедници 75%

  1. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

  • Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.  43/2023),
  • Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013 , 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/2017, 83/2018 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021 и 123/2022),
  • Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршка од мерките за рурален развој, прифатливи трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2011, 80/2013, 72/2014, 88/2015, 35/2016, 59/2016, 178/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“  бр.77/2019, 214/2019, 276/2021, 91/2022, 122/2022 и 186/2022),
  • и „Службен весник на Република Северна Македонија“  бр.100/2019, 215/2019, 24/2020, 96/2021, 276/2021, 92/2021, 113/2022 и 186/2022)

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за исплата со бараните податоци и да прикачат задолжителни електронски документи (фактури или сметкопотврда кои ги докажуваат реализираните трошоци, детални испратници за испорачаните роеви/матици/добиток, уредно заверени, Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС при МЗШВ не постаро од еден месеци од денот на објавување на јавниот повик, фискална сметка или налог за плаќање ПП30 со извод за плаќање или налог за плаќање ПП10 со извод за плаќање на име на добавувачот, образец на Договор уредно заверен со потпис и печат и други).

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.

  • Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање на e-baranje.ipardpa.gov.mk
  • Барањата кои не поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

  • ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на Барање за исплата може да се превземе на почетната страна на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката.

  • НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетото барање за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година на македонски јазик, уредно заверено со потпис и печат од барателот, заедно со целокупната потребна документација оригинал се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ Барање за исплата и Архивски број на Барањето (0123-12125-XXXX/1). Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на барањето.

НАПОМЕНА:

Барањата кои не поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Крајниот рок за доставување на барањата за исплата на e-baranje.ipardpa.gov.mk e 15.04.2023 година.

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Образец на договорот, во 4 примероци (ОРИГИНАЛ), уредно заверен со потпис и печат на барателот, да се достави со целокупната документација до Агенцијата!

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Контакт:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

Сектор за одобрување на исплата.

Телефон: 02 3097 – 460, секој работен ден од 10.00 до 14.00 часот

E-пошта: [email protected]

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:пчелни матици
Претходен напис Николовски: Главна цел ни е да достигнеме нови 2.000 регистрирани мали производители на храна и да го развиеме уште повеќе концептот за продажба од праг или фарма
Следен напис ЈАВЕН ПОВИК за помош за основање и функционирање на земјоделски задруги
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?