Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Главна цел ни е да достигнеме нови 2.000 регистрирани мали производители на храна и да го развиеме уште повеќе концептот за продажба од праг или фарма
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Главна цел ни е да достигнеме нови 2.000 регистрирани мали производители на храна и да го развиеме уште повеќе концептот за продажба од праг или фарма
Агровести

Николовски: Главна цел ни е да достигнеме нови 2.000 регистрирани мали производители на храна и да го развиеме уште повеќе концептот за продажба од праг или фарма

Објавено 15/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нашата цел е да креираме 2000 нови мали производители на храна, коишто ќе ги искористат поволностите од 2019 година да може да се регистрираат и да продаваат традиционални локални производи, да продаваат од праг и од фарма и да добијат грантови, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

„2023 е година на нов модел на субвенционирања во земјоделството, година на нови програми и година на нови можности во земјоделството, особено за она што ние го работиме, а тоа е како да го задржиме, одржиме и зголемиме домашното производство во земјоделството. Успехот во програмата за мали винарии, успехот на програмата за школски шеми минатата година беше поттик да креираме оваа година и програма за мали дестилерии со програмата од 5000 евра и програма за мали производители на храна која што ќе биде презентирана денеска и која што ги таргетира младите, жените и малите производители во рурални средини. Оние коишто произведуваат македонски производи од животинско и неживотинско потекло со цел првпат да добијат грант од 10.000 евра за развој, зголемување на производството, брендирање на производите и клучно остварување на нашата цел, а тоа е создавање и креирање на што повеќе финални производи кои ќе се продаваат од праг и од фарма“, рече Николовски презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци.

Како да се регистрирате за продажба на МЕСО и преработки од месо од куќен праг

Тој информира дека Министерството во следните два месеци, на средби со земјоделците не терен ќе ги промовира новите модели, можности, грантови и мерки во земјоделството. Нашата цел, рече Николовски, е да се потпреме на малите производители и да ги рашириме овие успеси од постоечките програми и во новите програми и мерки коишто ги презентираме.

„Клучно во оваа 2023-та е да се фокусираме на најголемите можности коишто ни ги дава ИПАРД 3 Програмата за која што сме лидери во регионот, пример во регионот како треба да се искористат европските средства, да се вградат во македонското земјоделство и во следните години да ги дадат шансите, можностите, резултатите и успесите за зголемување на домашното производство и модернизација на македонскиот аграр“, рече Николовски.

Николовски изрази голема благодарност до Increasing Market Employability – IME и Швајцарската агенција, за поддршката за промоција на Програмата за финансирање на земјоделските производители на храна.

Како да се регистрирате за продажба на млеко и производи од млеко од куќен праг, услов за аплицирање за грант од 10.000 евра

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:куќен праг
Претходен напис Бугарските земјоделци бараат да се запре бесцаринскиот увоз на евтини украински житарки
Следен напис Отворен повик за пчеларите и одгледувачите на свињи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?