Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈАВЕН ПОВИК за помош за основање и функционирање на земјоделски задруги
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ЈАВЕН ПОВИК за помош за основање и функционирање на земјоделски задруги
Јавни огласи и повици

ЈАВЕН ПОВИК за помош за основање и функционирање на земјоделски задруги

Објавено 15/03/2023
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (“Службен весник на Република Македонија” бр.72/07, 05/09, 43/14, 193/15, 39/16 и 164/18) и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК бр.2/2023

за доставување на барања за користење на средства од Програмата за

 финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година

  1. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Код на меркаНазив на мерката
Мерка 131Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност  
131.1Помош за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистар на задруги при МЗШВ

II.            КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

СубјектиКод на мерка
Земјоделски задруги регистрирани во Регистар на задруги при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделски задругиМерка 131

III.       ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Финансиската поддршка се однесува на направени прифатливи трошоци во период од 1 јули до 31 декември 2022 година.

Финансиската поддршка се доделува во износ од 100% од вкупно направените прифатливи трошоци.

Финансиската поддршка за плата за управител на земјоделска задруга која согласно со пропишаните услови може да остварува право на помош од овој вид во висина од 100% во првата година, од просечната плата исплатена во Република Северна Македонија за претходната година, со намалување од 20% за секоја наредна година во период не подолг од пет години.

Финансиската поддршка за ангажирање на едно лице од областа на земјоделските науки и ветерината, согласно со видот на земјоделската задруга во висина не повеќе од просечната плата исплатена во Република Северна Македонија за претходната година (за  земјоделските задруги од голем обем)

Доделената финансиска поддршка е неповратна.

IV.        УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата за поединечна подмерка се доставуваат во оригинален примерок.

Еден корисник поднесува посебно барање за секоја мерка во оригинал. Еден корисник може да поднесе најмногу 2 барања за оваа мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

  • Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.  43/2023),
  • Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013 , 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/2017, 83/2018 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021 и 123/2022),
  • Закон за земјоделски задруги („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 23/13, 51/15, 193/15 и 39/16)
  • Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршка од мерките за рурален развој, прифатливи трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2011, 80/2013, 72/2014, 88/2015, 35/2016, 59/2016, 178/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“  бр.77/2019, 214/2019, 276/2021, 91/2022, 122/2022 и 186/2022),
  • и „Службен весник на Република Северна Македонија“  бр.100/2019, 215/2019, 24/2020, 96/2021, 276/2021, 92/2021, 113/2022 и 186/2022)

Барателите на финансиска поддршка потребно е да поднесат уредно и целосно пополнето барање за исплата на средства за Мерка 131 заедно со пропратната документација наведена во барањето.

Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства за мерката 131, согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година. Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.

V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

Ул. 3-та Македонска бригада бр.20 ( Зграда на Македонија Табак блок Ц )

1000 Скопје

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 02/2023 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата  или предвремено отворање на барањето.

Краен рок за доставување на барање за исплата по овој јавен повик е 15 април 2023 година

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: [email protected] и

на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Контакт:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

Сектор за одобрување исплата.

Телефон 02 3097-460, секој работен ден од 08:30 до 16.00 часот

E-пошта: [email protected]

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:земјоделски задруги
Претходен напис Отворен повик за пчеларите и одгледувачите на свињи
Следен напис Променливо облачно со северен ветер и температура до 10 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?