Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отпорноста на антибиотици во сточарството е глобална закана – како да се намали?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Отпорноста на антибиотици во сточарството е глобална закана – како да се намали?
Сточарско производство

Отпорноста на антибиотици во сточарството е глобална закана – како да се намали?

Објавено 10/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Употребата на антибиотици во сточарството е тема за која сè почесто се расправа, а во посебен фокус е последнава година од кога владее пандемијата на ковид-19.

Кон крајот на минатата година, научниците предупредија дека отпорноста на лекови е поопасна од ковид-19. Тогаш Организацијата за храна и земјоделство на ООН (ФАО), објави дека драстичното зголемување на резистентноста на микроорганизмите би можело да резултира со нова пандемија, пренесува Агроклуб.

Покрај тоа, Светската здравствена организација (СЗО) ја вброи антимикробната резистенција (АМР) меѓу десетте глобални закани. Но, ова сознание, според експертот за здравје на животните, Едгар Гарсија Манзанила, од ирската организација за развој на храна, „Теагаск“, не е доволно во центарот на вниманието на јавноста.

„Тоа е слично како и со климатските промени – не се гледаат веднаш, па затоа е тешко да се поттикнат луѓето да реагираат“, изјави за Еурактив Манзанила, еден од координаторите на неодамнешниот извештај за намалување на употребата на антибиотици кај живината.

Планот на една од најважните стратегии на ЕУ, „Од фарма до вилушка“, е до 2030 година да се намали вкупната продажба на антимикробни производи во сточарството и аквакултурата за 50 проценти.

Манзанила тврди дека употребата на антибиотици во живинарскиот сектор е намалена до 90 проценти, што го прави референтна точка за другите. Но, тој исто така посочува дека колку повеќе се напредува, толку е потешко да се намалат количините.

Друг проблем е што ЕУ нема целосна и прецизна слика за степенот на употреба на овој вид средства на фармите. Податоците се собираат само врз основа на податоците за продажбата, за што Манзанила вели дека не е доволно конкретно.

Во написот се нагласува дека сите земји на ЕУ ќе мора да ја измерат употребата на антибиотици на ниво на видот до 2027 година, но Манзанила смета дека ќе биде доцна за да се постигне моменталната цел.

Нема време за чекање

Манзанила смета дека голема помош во обидот да се намали нивната употреба би била алатка која би го тестирала животното на самото место и би покажала дали му треба лек или не, но таа алатка да биде достапна и лесна за употреба.

Имено, кога ќе се појави првиот симптом на инфекција, за добитокот може да биде веќе доцна, а сточарите не можат да си дозволат таква „небрежност“.

„Болеста може да ги убие за еден или два дена, па ако се сомневате за некаков проблем, мора да преземете мерки за да го спасите животното. Тогаш нема време да се испраќаат примероци во лабораторијата“, рече Манзанила, заклучувајќи дека во борбата против намалување на користењето на лекови таквите алатки за тестирање ќе бидат сè повеќе потребни, но сè уште не е точно познато за каква помош во одгледувањето добиток станува збор.

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Сточарството е сè повеќе погодено од климатските промени – трите најзагрозени животински видови
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Таг:антибиотицисточарство
Претходен напис Липковско Езеро и „Глажња“ порибени со 350 килограми крап
Следен напис Реализиран заеднички проект помеѓу општина Василево и ТИКА за проширување на пластеничкото производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?