Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Липковско Езеро и „Глажња“ порибени со 350 килограми крап
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Липковско Езеро и „Глажња“ порибени со 350 килограми крап
Агровести

Липковско Езеро и „Глажња“ порибени со 350 килограми крап

Објавено 10/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ловечкото риболовно друштво Шќипоња – Липково изврши порибување на рибниот фонд со крап на Акумулацијата „Глажња“ и акумулацијата „Липково“.

Порибувањето во количина од 150 кг крап на „Липково“ и 200 кг на „Глажња“ е во рамките на добиената концесија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Евиденцијата на порибувањето беше од страна на овластен инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, Жаклина Ангеловска Митовска.

„Прво извршивме порибување на дел од водите кои се во ревирот на Ловечко риболовното друштво Шќипоња – Липково, а во согласност со Законот за рибарство и аквакултура. Двете акумулации во општина Липково се порибени со 350 кг крап, овие количини се согласно со програмата на ЛРД за годишна работа за 2020“, изјави државниот инспектор за земјоделство Ангеловска Митовска.

Во риболовните води за кои се однесува оваа риболовна основа како единствена рекреативна зона се определува Рекреативната зона – „акумулација „Глажња“- која ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулација „Глажња“ од вливот на реките Бресјанска (Камена Река) и Гошинска од вливот во акумулацијата до браната, а концесионер е ЛРД „Шќипоња“ од Липково.

Исто така ЛРД „Шќипоња“, Липково е концесионер и на акумулацијата „Липково“  каде како единствена рекреативна зона се определува Рекреативната зона – „акумулација „Липково“ – која ја опфаќа целата површина на акумулацијата и делот на Липковска Река од браната на акумулацијата „Глажња“ до вливот во акумулацијата „Липково“.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:краплипковско езеропорибување
Претходен напис Минималната потрошувачка кошничка во февруари повисока од просечната плата
Следен напис Отпорноста на антибиотици во сточарството е глобална закана – како да се намали?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?