Во соработка со координаторот во канцеларијата на ТИКА, Халим Омер Согут и Амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизкок беа донирани 140 пластеници во должина од 25 метри, а широки 6 метри, со цел граѓаните да започнат или да го прошират своето пластенично производство.
„Голема блгодарност до ТИКА за одличната соработка, и пред сè ова е пример за вековната поврзаност и соживотот на нашите два народи на овој простор. Ова е чин за секоја почит и пример за соработка и соживот“, ја изразија од Општина Василево својата благодарност на фејсбук-страницата на општината.
Напишете коментар