Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оризопроизводителите од Кочанско најавија нова блокада на патиштата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оризопроизводителите од Кочанско најавија нова блокада на патиштата
Агровести

Оризопроизводителите од Кочанско најавија нова блокада на патиштата

Објавено 08/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производителите на ориз од Кочанско повторно ќе излезат на протести и со земјоделска механизација ќе го блокираат магистралниот пат Кочани – Штип, за да го изразат незадоволството од неисполнувањето на договорот за висината на откупните цени.

На денешната прес-конфренција истакнаа дека се чувствуваат изманипулирано затоа што жетвата на овогодишната реколта е почната, а откуп нема, ниту пак откупните цени што се нудат се на очекуваното ниво.

-Блокадата на магистралниот пат ќе биде во вторник во Облешево, со почеток од 9:30 часот. Единствено наше барање е да се исполни тоа што беше договорено со Владата, односно да не добиеме под 25 денари за килограм арпа. Три-четири месеци алармираме дека ситуацијата со оризопроизводството е страшно лоша, но се нема слух, се одолговлекува да поминат изборите, а ние ништо нема да добиеме, истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.

Земјоделците се заканија дека протестот и блокадата нема да траат неколку часа, како претходно, туку сè додека не им се исполни барањето. Нагласија дека можни се привремени решенија со итна исплата на основните субвенции до крајот на октомври, а во меѓувреме да се преговара за цените и начинот на откуп.

-Имаше предлози за субвенции од три до пет денари за килограм предадена арпа, тоа до сега не е реализирано, а времето ќе покаже дали сме излажани, во моментот немаме решение. На пазар и во продавница оризот го продаваат по 70-80 денари, а нам ни плаќаат по 35 денари за килограм бел ориз. Производителите немаат никаква заработувачка, а трговците се со стопроцентна заработувачка, ова не води никаде, истакна Стојче Ташовски, земјоделец од Облешево.

Дополнителен проблем ќе биде и влажноста на зрното, особено поради интензивните врнежи, поради што земјоделците ќе имаат финансиска загуба при откупот за процентот на влага што ќе им биде одбиен.

Според сегашните цени на репорматеријалите, производната цена изнесува 23 денари за килограм арпа, што е повисока од откупната, поради што оризопроизводителите апелираа до надлежните да најдат решение што ќе им овозможи пристоен живот.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:блокадакочанскооризопроизводители
Претходен напис Ресенчанец има највисок доход од продажба на земјоделски производи во 2020 година, вкупно 32,2 милиони денари
Следен напис РБСМ: Шест банки досега се вклучија во кредитно-гарантната шема со потпишување на договор за издавање портфолио гаранција од Гарантен фонд со Развојна банка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?