Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: КАКО ДО ПОБРЗА ИНТЕГРАЦИЈА – РАБОТНА СРЕДБА СО ЕУ АМБАСАДОРОТ РОКАС
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > КАКО ДО ПОБРЗА ИНТЕГРАЦИЈА – РАБОТНА СРЕДБА СО ЕУ АМБАСАДОРОТ РОКАС
Агровести

КАКО ДО ПОБРЗА ИНТЕГРАЦИЈА – РАБОТНА СРЕДБА СО ЕУ АМБАСАДОРОТ РОКАС

Објавено 11/09/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управниот одбор на Комората и Бизнис Клубот Европа одржаа заедничка работна средба со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во РСМ, на која предмет на дискусија беше европската перспектива на македонската економија.

Во своето излагање, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, посочи дека за македонскиот бизнис, европската интеграција не е политичка опција, туку економска и развојна потреба.

– Нашата економија е мала, отворена и длабоко поврзана со Европската Унија – бројките за тоа колку важен трговски партнер и инвеститор е ЕУ сите многу добро ги знаете. Нашите компании веќе работат со европски компании, извезуваат на европскиот пазар, дел се од европски синџири на снабдување и ги применуваат европските стандарди. Затоа, од наша перспектива, европската интеграција не треба да биде нешто што ќе започне со членството. Европската интеграција треба да се случува денес. И тука доаѓаме до суштината – бизнисот не може бесконечно да биде „на пат кон Европа“. Повеќе од две децении зборуваме за европската перспектива на нашата земја. Но, економијата нема бесконечно време за чекање. Во економијата, изгубеното време е изгубена конкурентност, и тоа е нешто што мораме отворено да го кажеме. Европа не е само дестинација – Европа е стандард. Македонскиот бизнис јавно и многу јасно потврдува секојдневно дека е спремен да се бори да го достигне тој стандард, и всушност, во многу аспекти го достигнува и го надминува, посочи Азески.

Н.Е. амбасадорот Рокас се осврна на важноста од продолжување на реформските процеси и понатамошно усогласување со стандардите на ЕУ, со активно учество на деловната заедница. Од аспект на пристапување кон единствениот пазар, се осврна на извештајот кој треба да биде објавен на 30.09.2026 година, и кој треба да сумира можности за постепена интеграција и пристап до единствениот пазар на ЕУ за земјите-кандидати за членство во ЕУ, како и на можностите кои се отвораат доколку се запази темпото на имплементација на обврските преземени со Реформската агенда, со оглед на неискористените средства од страна на другите држави од регионот на Западне Балкан, кои може да станат достапни за Македонија доколку соодветно се исполнуваат чекорите зацртани во Реформската агенда.

При тоа, посочи дека сепак, било која од овие можности не може да го замени полноправното членство во ЕУ, и дека стремежите во државата треба да бидат целосно насочени кон надминување на отворените прашања за отворање на пристапните преговори, повторувајќи ја констатацијата дека проширувањето е на врвот на агендата на ЕУ, и дека моментумот треба да биде искористен, осврнувајќи се на примерите на Црна Гора и Албанија.

Глигор Цветанов, претседател на Бизнис Клубот Европа, посочи дека компаниите се волни и спремни да работат на целосно приклучување кон единствениот пазар на ЕУ, но и дека се соочуваат со бројни прашања кои потекнуваат од правила и стандарди на единствениот пазар на ЕУ, кои нашата економија ја ставаат во специфична позиција – од една страна, не можеме да ги користиме поволностите како фирмите основани во ЕУ (на пример структурни и кохезиони фондови или Спогодби за слободна трговија што ги склучува ЕУ), а сепак во многу сегменти треба да ги исполнуваме истите обврски, и затоа е важна економска интеграција и пред членството.

Цветанов посочи на потребата од обезбедување на сеопфатна поддршка за компаниите во процесот на пристапување кон единствениот пазар на ЕУ, која Комората би ја обезбедувала со поддршка на ЕУ делегацијата, во насока на обезбедување на подготвеност на нашите компании за исполнување на критериумите и барањата на ЕУ пазарот, но и доедукација на кадри за некои од клучните прашања за унапредување на економската соработка со ЕУ, и посочи на потребата да се разработи акциски план со јасни услови, одговорности и рокови, за приоритетните области на интеграција.

Во дискусијата која следеше, членовите на Управниот одбор и на Бизнис Клубот Европа имаа прилика со амбасадорот Рокас да разменат мислења и ставови во однос на приоритетните прашања и проблеми за компаниите во соработката со ЕУ, видувањата на бизнисот за потребните чекори кои би воделе кон „одблокирање“ на пристапните преговори, но и прогресот кон спроведување на фундаменталните вредности на ЕУ, пред сè владеењето на правото, како предуслов за забрзана интеграција, но и за обезбедување услови за конкурентен раст на македонските компании.

На средбата, потврдена беше важноста на континуираниот дијалог меѓу бизнис-заедницата и институциите на Европската Унија, како и потребата од натамошно продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес. Притоа беше изразена подготвеност за продолжување на добрата комуникација и заедничките активности насочени кон поддршка на ЕУ-перспективата на Македонија и нејзиниот економски напредок.

Може да ви се допадне

ИЗВЕСТУВАЊЕ: До 30 Септември, ќе може да се поднесат барања за ,,Помош во премии и осигурување“
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 10.09.2026 година
За викендот дожд, ветер и заладување 
Престижен трофеј за црвеното вино „Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ 
Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
Таг:бизнис клуб европаРСМуправен одбор
Претходен напис На работилница LANDNET во Будимпешта претставени новите докази за придобивките од консолидацијата на земјиштето во Егри
Следен напис ИЗВЕСТУВАЊЕ: До 30 Септември, ќе може да се поднесат барања за ,,Помош во премии и осигурување“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?