Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Опасности и несреќи на деца на фармите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Опасности и несреќи на деца на фармите
Магазин

Опасности и несреќи на деца на фармите

Објавено 25/10/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Децата се чести учесници во несреќите со трагични последици на фармите. Најчесто загинуваат со газење на тркалото од тракторот на кој се возат како сопатници.

На фармите во САД годишно загинуваат повеќе од 100 деца, а 26.000 се сериозно повредени. Тракторите се одговорни за 41% од загинувањата на децата на возраст под 15 години, при што четири од пет деца од земјоделските фамилии возат трактор. Возењето трактор со родители се смета за дел од земјоделската традиција. Детската безбедносна мрежа во земјоделството (The Childhood Agricultural Safety Network – CASN) ја согледалa опасноста и го промовира строгото правило – дете помало од 12 години никогаш не смее да се качи на трактор.

Запомнете: полесно е да закопаш традиција отколку дете!

traktor_vozenje_deca

Поради различните работни операции и различните работни машини кои учествуваат во работата на фармите е утврдено дека децата на фармите се за два до три пати повеќе изложени на опасности (несреќи) од други лица.

На фармата како заокружена целина, обично е поголемо засолниште за децата просторот каде што се сместени работилници и складишта. Овие места се од интерес на децата и таму се одвива нивната игра и истражување. Исто така, овие објекти се и потенцијална опасност за повреди и несреќи, повеќе за децата, отколку за возрасните.

Децата на фармите често се наоѓаат во близина на тракторот. Возачот на тракторот од своето седиште, поради мртвите агли, не може под секој агол да ги забележи децата каде се наоѓаат. Мртвите агли притоа создаваат големи проблеми, особено ако се работи за поголема категорија на трактори кои имаат поголеми тркала.

Ако возачот на тракторот не е предупреден за присуството на деца, може да настане несреќен случај. Децата секогаш ги привлекува тракторот и работата што ја врши тој.

Препораки:

• Никогаш не треба да се претпоставува дека децата останале онаму каде што последен пат сме ги забележале;

• Децата треба да се држат под надзор од возрасно лице во работното подрачје;

• Треба да се биде претпазлив и да се изгаси моторот ако децата влезат во работното подрачје;

• Никогаш не треба да се носат деца на тракторот ако нема сигурносно место за седење. Можат да паднат, да бидат прегазени или да се мешаат во вашата контрола над машината;

• Никогаш не треба да се дозволува управување на трактор на деца, туку треба да биде под контрола на возрасно лице;

• Посебно треба да се внимава при движење на тракторот наназад – прво осигурете се дали областа е чиста;

• Тракторот треба да се паркира по можност на рамна површина. Треба да се избегнува паркирање на угорнина или удолнина.

проф. д-р Драги Таневски, Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:децамеханизацијамоторнесреќаопасностТрактор
Претходен напис Совет за градинарите: Напукнување на доматите
Следен напис Бисерка – африканска кокошка, едно јајце едно евро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?