Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Официјализирана соработката на АХВ со Агенцијата за храна на Бугарија


Воспоставување на техничка и административна соработка во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика, размена на информации и зајакнување на капацитетите на претставниците од академската и научната заедница со организирање на едукативни и научни настани за размена на идеи и искуства, договорија денес во Софија, Република Бугарија, првите луѓе на македонската Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов и проф. д-р Паскал Желјазков, од бугарската Агенција за безбедност на храната.

Тие, во насока на унапредување на постоечката соработка во овие две области меѓу двете институции, и за иницирање на нови, потпишаа петгодишен договор за соработка.

Со официјализирање на соработката се отвора и можноста за идно вклучување на АХВ во реализација на европски и други меѓународни проекти и програми, во чие спроведување, како земја членка на Европската унија, е веќе вклучена бугарската Агенција за безбедност на храната.

Договорот гарантира и соодветна заштита на правата на интелектуална сопственост, согласно националните и меѓународните стандарди. Акцент во соработката со овој документ се става на управувањето со ризикот, јавното здравство во однос на зоонозите и алиментарните интоксикации, како и областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните.

Во договорот се дефинирани и областите на употребата на ветеринарно медицински препарати, генетски модифицираната храна и храната за животни, како и храната произведена со иновирани технологии и нус – производите од животинско потекло и производите добиени од нив.

Во рамки на официјалната посета на бугарската Агенција за безбедност на храна, директорот на АХВ, Атанасов, одржа работен состанок со првите луѓе од оваа институција и претставници од секторот за меѓународна соработка со кои разговараше за идните области и полиња на соработка. Разгледана беше актуелната состојба со болеста африканска свинска чума во соседна Бугарија и регионот и мерките кои се преземаат од земјите за спречување на нејзино ширење. Двете делегации дискутираа и за актуелната состојба со болестите кај животните, а се осврнаа и на престанокот со вакцинација против класичната свинска чума. 
 

Окт 28, 2019agrotim1
Извозниот потенцијал на украинскaта пченка е најголем досегаВо првото тромесечје од 2019 година производството на шумски производи во државните шуми во однос на лани е зголемено за 51,4 отсто

Напишете коментар Откажи одговор

28/10/2019 Агровестиагенција, ахв, бугарија, регион, свинска чума, соработка105

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019