Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одлука за 50% од јагнињата во кланица – сточарите се жалат: Негативно влијае на бројот на стада
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Одлука за 50% од јагнињата во кланица – сточарите се жалат: Негативно влијае на бројот на стада
Сточарско производство

Одлука за 50% од јагнињата во кланица – сточарите се жалат: Негативно влијае на бројот на стада

Објавено 06/04/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сточарите изразуваат загриженост за владината одлука да испорачаат 50% од јагнињата, пропорционално на бројот на овци, во кланица. Според нив, оваа одлука негативно се одразува на бројот на стадата кој од година во година се намалува. Посочуваат дека не може секоја овца да се јагни, па условот да се предаде половина од нив предизвикува загуби и го отежнува одржувањето и одгледувањето на стадото, информира 21ТВ.

-Оваа година, 30% од овците се ојагниле предвреме. Не знаеме дали е вирус или што е проблемот! Дури и ветеринарите велат дека не знаат што е проблемот. На пример, јас имам 100 овци, 50 ќе се родат на време, 30% подоцна и 20 воопшто. Овие 50% никогаш не се дополнува. Нека дојде министерот, кој сака нека дели нека ги земе овците, ќе ги дадам без да гледам. Нека земат 100 овци, сите нека ги оплодуваат некое време, нека направат 100 јагниња, а јас ќе им бидам слуга додека сум жив, изјави Осман Адили, сточар.

–Имаме 100 овци, не раѓаат сите. Се јагнат 70%! 10% се објагнуваат подоцна, 10% умираат или се разболуваат. Со овие 50% што ни ги бараат остануваме без субвенции и бараме разбирање од министерството да ги повлече овие 50% затоа што губиме и нема повеќе овци. Ако треба да дадеме 50% од нашите 70 јагниња, принудени сме да ги дадеме и женските јагниња на владата. Тогаш остануваме без женски јагниња и нема овци, изјави Орхан Фејзулаху, сточар.

Заменик-министерот за земјоделство Флакрон Беџети вели дека со ова не може да има измама околу бројот на стадата, а со зголемувањето на субвенциите сточарите имаат поголеми приходи. Разговарал со сточарите, а нивните поплаки ќе се разгледуваат во министерството.

-Друга загриженост е што за да ги добијат субвенциите, сточарите мора да испратат 50% од нивниот број во кланица. Тоа се должи на искористувањето на субвенциите, каде што порано имаше зголемување и злоупотреба на субвенциите. Лажното пријавување и оваа загриженост ми ја кажаа и мене, и јас си зедов за обврска да зборувам со надлежниот сектор и со министерот и ќе се обидеме овој процент да го намалиме. Овие 50% да се намалат и се надевам на разбирање и успех во овој правец, изјави Флакрон Беџети, заменик министер за земјоделство.

Сточарите велат дека јагне од над 20 килограми се плаќа 210 денари, додека за под 20 килограми се плаќа 220, што според нив е минимална цена, додека сите земји во регионот плаќаат по 300 денари за килограм. Додаваат дека за секое јагне во кланицата добиваат по 1000 денари, но овие пари ги немаат добиено последните две години.

Сенад Зилбехари 21ТВ

Може да ви се допадне

Мечка нападнала стадо со овци во атарот на село Крклино, информирани се институциите, се чека реакција
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Таг:јагнињаовцитв 21
Претходен напис Цела Преспа деновиве е на нозе, да се заштитат овошките од најавените ниски температури
Следен напис Мицкоски најави радосна вест за царините од САД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?