Овоштарникот денес, пред да започнат неколкудневните мразеви, објави на ФБ фармата Spirit of Prespa.
Се надеваме дека нема да биде толку лошо како што најавува временската прогноза.


Цела Преспа беше на нозе изминативе денови — на трактори, со целата сила и желба да се направи што е можно повеќе. Се бориме да ги заштитиме овоштарниците, да спасиме колку што можеме.


Сега останува само да се молиме и да се надеваме.
