Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледување на лаванда – Приносот од година во година се зголемува, сè додека во петтата или шестата година не се стабилизира
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Одгледување на лаванда – Приносот од година во година се зголемува, сè додека во петтата или шестата година не се стабилизира
Растително производство

Одгледување на лаванда – Приносот од година во година се зголемува, сè додека во петтата или шестата година не се стабилизира

Објавено 27/02/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лавандата е ароматично и лековито диворастечко растение, кое може да се одгледува на нашите полиња бидејќи нема многу големи барања по однос на почвата. Успева скоро на сите типови почва кои содржат доволно варовник. Расте и на многу сиромашни и каменити почви. Не и одговара влажна и кисела почва.

Како топлољубиво растение има големи потреби од топлина, а особено светлина. Посебна важност за квалитетот на етеричното масло има надморската висина. Се препорачува да се одгледува на поголема надморска висина, максимум до 700 метри. Треба да се сади на јужна, незасенета експозиција, која не е изложена на ветрови.

Растe како низок џбун со висина од 50-80 см. Стеблата се многубројни, влакнести и четвороаголни. Листовите се линеарно–шилести, без лисни дршки и расеано распоредени. Цветовите се ситни и собрани во класја и со многу убава виолетова боја, поради што лавандата се одгледува и како украснo растение. Цветовите, како и целото растение е со многу пријатна миризба. Заради долготрајниот и единствен мирис лавандата денес во домаќинството е една од најмногу употребуваните ароматични растенија.

За коренот подобро да се развива, треба да се обрне внимание на почвата. Таа треба да се изора наесен, на длабочина не помала од 40 см. Ако се сади во есен, почвата се подготвува за садење веднаш по орањето. Ако се сади во пролет, по есенското орање се применува пролетна обработка (плитко орање и браносување) за да се добие што поровкава почва.

Бидејќи е повеќегодишно растение, на ѓубрењето треба да се посвети поголемо внимание. При основното ѓубрење потребно е да се обезбеди 30-40 кг/ха азот, 60-80 кг/ха фосфор и 90-100 кг/ха калиум. Прихраната со 50-60 кг/ха азот по садењето го подобрува братењето. Во следните години насадот треба редовно да се ѓубри со 20-30 кг/ха азот, 50-60 кг/ха фосфор и 70-80 кг/ха калиум.

Лавандата може да се размножува вегетативно со делење на старите бусени и со резници, како и генеративно со директно сеење на семето и преку расад. Во практиката лавандата задолжително се размножува со ожилени резници. Резниците се произведуваат така што од постојниот насад се отсекуваат делови од гранките кои се постари, со должина од 15 до 20 см. Пикирањето се изведува во отворени бразди
длабоки од 5 до 10 см, на растојание од 10 до 15 см, помеѓу редовите и помеѓу растенијата. Резниците се ставаат на едната страна од браздата и потоа се покриваат со почва. Резниците редовно се плеват и се полеваат до есен, кога се расадуваат.

Лавандата се сади кон крајот на октомври или ноември, а ако се сади во пролет, тогаш треба да се сади што порано, најдоцна до почетокот на април. По размерувањето на парцелата, се копаат дупки во кои се садат садниците. Се сади на меѓуредово растојание од 80 до 100 см, а во редот на растојание од 60 до 80 см. За еден хектар неопходни се минимум 10.000 садници.

Негата се состои од окопување, култивирање и прихранување. Во првата година се врши пополнување на празните места. Насадот се пополнува се до четвртата или петтата година од одгледувањето.

Окопувањето и култивирањето се извршува веднаш кога садниците ќе се развијат, во пролет. Меѓуредовиот простор се обработува рачно или машински со помош на култиватор.

Времето на берба на лавандата зависи од реонот каде што се одгледува. Ако е насадот во ниски реони, тогаш цветањето почнува кон крајот на јуни. На поголеми надморски висини цветањето доцни и по еден месец. Од почеток на цветањето, па до полното цветање поминуваат околу 20 до 25 дена, а до крајот на цветањето 30 до 35 дена. Лавандата се жнее кога е во фаза на полно цветање затоа што во таа фаза се остварува голем принос и висок квалитет на етеричното масло. Жетвата се извршува рачно. На големи површини, се изведува машински со специјални косачки-машини.

При рачното жнеење (со срп) се отсекуваат цветовите со дршка во должина од 10 до 15 см. Ожнеаната лаванда веднаш се носи на дестилација.

Лавандата најчесто се дестилира за добивање на етерично масло. Приносот зависи од возраста, еколошките услови и применета на агротехника. Приносот од година во година се зголемува, сè додека во петтата или шестата година не се стабилизира. Приносот на зелен цвет изнесува 1.500-35.000 кг/ха, додека на сув цвет изнесува од 200 до 800 кг на хектар. Приносот на масло од лаванда во полн род може да биде од 20 до 30 кг на хектар.

Мирјана Милинг – Советник, АПРЗ

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:лаванда
Претходен напис Болести на животните: Европската комисијата ги усогласи правилата за вакцинација
Следен напис Каква е ситуацијата на глобалниот пазар на јаболка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?