Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Каква е ситуацијата на глобалниот пазар на јаболка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Каква е ситуацијата на глобалниот пазар на јаболка
Пазари

Каква е ситуацијата на глобалниот пазар на јаболка

Објавено 27/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Глобалниот пазар на јаболка се соочува со значителни предизвици, во зависност од регионот. Производителите се борат со многу проблеми во производството и дистрибуцијата, наведува Freshplaza.

Поинаква е ситуацијата на пазарот на земјите членки. Полска е голем производител и извезува на пазарот на ЕУ и другите европски земји. Се очекува висококвалитетните јаболка од полските ладилници да стигнат и до Азија. Во исто време, Холандија се бори со експанзијата на полскиот увоз. Инфлацијата ја намали потрошувачката во Белгија.

Потрошувачите повеќе бараат поевтини сорти, како што е Јонаголд, а има помала побарувачка за клупски сорти. Пред 20 години Белгијците консумирале 12 кг јаболка по глава на жител, а сега само 6,8 кг.

Во Франција, 2023 година започна со релативно мали залихи на ова овошје. Евидентирано е намалување од седум отсто во однос на претходната кампања и девет отсто во однос на просекот од последните три години. Помала е понудата, но и извозот, што му дава стабилност на пазарот. Просечната малопродажна цена е 2,01 евро, но откупната е многу ниска за производителите.

На германскиот пазар доминираат јаболка од домашно производство. Најзастапени сорти се Istar, Jonagold, Braeburn и Boskoop. Од Италија на пазарот доаѓаат Granny Smith, Pink Lady и Golden Delicious. Клубските сорти Pink Lady и Jazz пристигнуваат од Франција.

Австрија оствари зголемена продажба во однос на минатата година, додека Италија бележи најмали залихи – 961.955 тони, што е најниско во последните неколку години. Цените во Шпанија се повисоки од минатата сезона, но пониски од просекот.

По разорниот земјотрес, Турција се соочува со проблеми со дистрибуцијата. Се очекува логистичките проблеми да ги зголемат цените на јаболката. Циклонот Габриел уништи многу насади со јаболка во Нов Зеланд и предизвика штети од милиони долари.

Во Јужна Африка, градот го намали родот, што резултираше со ограничена понуда. САД доживеа рекордно производство, додека Аргентина се соочува со најниско ниво на производство во последните неколку години.

Може да ви се допадне

Министерот Трипуновски во Ресен со земјоделците и откупувачите разговараше за откупот на индустриско јаболко
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Ислатени субвенции за ЈАБОЛКА предадени кај регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Таг:јаболкајонаголдполска
Претходен напис Одгледување на лаванда – Приносот од година во година се зголемува, сè додека во петтата или шестата година не се стабилизира
Следен напис Од полноќ поевтинуваат горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?