Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одбележани 65 години од работата на хидроелектраната Вруток
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Одбележани 65 години од работата на хидроелектраната Вруток
Шумарство и водостопанство

Одбележани 65 години од работата на хидроелектраната Вруток

Објавено 30/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

АД ЕСМ одбележа 65 години од почеток со работа на најстариот производен капацитет во рамките на АД ЕСM, хидроелектраната Вруток, пуштена во работа во 1957 година. ХЕЦ Вруток и целиот хидросистем Маврово е почнат со градба во 1947/48 година и преку работни акции учествувале околу 50.000 луѓе.

ХЕС Маврово го сочинуваат три хидроелектрани, акумулација, и канали и цевководи во должина од 130 километри преку кои се собира водата од планининските масиви на Кораб и Шар Планина и се влева во Мавровското Езеро.

На одбележувањето на настанот во ХЕЦ Вруток, во присуство на висока владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски истакна дека на денешните генерации кои наследиле вакви исклучителни архитектонски и енергетски капацитети, им останува обврската за нивно одржување и чување.

,,АД ЕСМ континуирано вложува во одржување на хидроелектраните. Во постапка сме на обезбедување на средства за Третата фаза на ревитализација на големите хидроелектрани, што ќе чини 36 милиони евра.

Ќе бидат ревитализирани големите хидроелектрани во Република Северна Македонија во сопственост на АД ЕСМ, и тоа: Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпилје, Глобочица, Козјак и Св.Петка. Овие капацитети обезбедуваат 20% од вкупното производство на електрична енергија во државата. “-рече директорот Ковачевски.

Директорот на ХЕС Маврово, Ѓорѓи Божиноски, нагласи дека работата на хидроелектраните пред се зависи од природата, односно дождовите и дотеците, како и од начинот на работа и менаџирање на задачите.

,,Свесни сме за потребите на системот, за енергетската криза и за неповолната хидрологија, вложуваме големи напори да го исполниме нашиот дел, бидувајќи во исто време свесни и за големиот дел од товарот што го носат нашите поголеми колеги, односно термоелектраните и тешките услови при нивната работа.”-рече директорот Божиновски.

На настанот се обрати и поранешниот раководител на градежната служба на ХЕЦ Вруток, пензиониран инженер Јово Чалоски, кој во име на сите пензионирани вработени ги поздрави присутните и посака што поскора изградба на нови хидроелектрани.

Со едноминутно молчење, на собирот беше оддадена почит на загинатите 52 работници кои во 1956г ги изгубиле животите во снежни лавини во текот на изградбата на хидросистемот Маврово.

АД Електрани на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:вруток
Претходен напис Сушата во делови од Европа го вознемирува меѓународниот пазар – Кој е најмногу погоден?
Следен напис Толеранција на топлотен стрес: Во Италија е воведен индекс за сите бикови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?