Извештајот на Службата за мониторинг на културите на Европската Унија (JRC MARS) покажува дека во набљудуваниот период од 1 април до 15 мај, временските услови биле обележани со суша и недостаток на влага во почвата. Како резултат на тоа, прогнозите за принос на зимските култури се ревидирани надолу на ниво на ЕУ, но остануваат над петгодишниот просек за овогодинешната жетва на пченица, јачмен и маслодајна репка во ЕУ.
Суша во делови од Европа го вознемири меѓународниот пазар кој веќе се бори со загубите на житарки. Најпогодени се европските житородни области, особено зимската пченица и јачменот. Франција, Данска, Германија, Полска, Словенија, Хрватска, Романија, Бугарија и Грција се изложени на топлотни бранови, а резервите на влага во почвата се ниски. Таквата состојба негативно влијае на очекуваните приноси.
Затоа, во својот месечен извештај, МАРС ја намали својата прогноза за приносите на мека пченица во ЕУ за 2022 година на 5,89 т/ха од 5,95 т/ха проектирани минатиот месец, што е намалување за еден процент и два отсто пониско отколку во 2021/22 година.
Прогнозата за зимскиот јачмен е намалена на 5,78 т/ха, а за пролетниот на 4,18 т/ха од 4,31 т/ха.
Прогнозата за принос за пченка беше променета од 7,91 т/ха на 7,92 т/ха, сончоглед од 2,38 на 2,39 т/ха. За маслодајната репка приносот е намален од 3,19 на 3,17 т/ха, а прогнозата за соја остана на 2,99 т/ха.
Ќе бидат неопходни значителни врнежи за да се избегне понатамошно губење на приносот, а прогнозите не се ветувачки. Сите укажуваат дека во периодот јуни-август ќе продолжат потоплите и суви временски услови на подрачјата со зимски култури.
