Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Од производи со ознака за Географско потекло прават специјалитети од лук по семеен рецепт
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (Фото) Од производи со ознака за Географско потекло прават специјалитети од лук по семеен рецепт
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(Фото) Од производи со ознака за Географско потекло прават специјалитети од лук по семеен рецепт

Објавено 15/04/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Селото Врбица во општината Чока е познато по производство на лук, а оваа земјоделска култура од ова место во Војводина е заштитена со ознака за географско потекло. Меѓу жителите на ова место кои се занимаваат со одгледување на лук е и семејството Михок. Меѓутоа, тие покрај производството на лук, пронашле начин и да го преработат и од него да направат разни производи кои можат да се користат во кулинарството. Милош Михок вели дека неговото семејство со производство на лук започнало да се занимава од 2018 година, а со активна диструбуција во 2019 година, иако семејството Михок и во минатото се занимавало со оваа работа.

„Го одгледуваме на површина помеѓу 2 и 2.5 хектари, се зависи од ротацијата на насадите за да му се овозможи на земјиштето да се обнови. Лукот што го одгледуваме е специфична пролетна сорта која се развила поради типот на земјиштето како и временските услови кои кај нас во Северен Банат се застапени. Самиот лук има висок процент на суви материи и етерични масла и тие две ставки му даваат долготрајност и го олеснуваат чувањето“, вели Милош.

Уште една од препознатливите особини е дека главиците во просек се нешто помали отколку кај есенскиот лук, што доаѓа од глинестата, а претходно мочурливо земјиште кое ги компресира главиците, но и ги збогатува со својата богата минерална содржина.

Семејството Михок продава лук во пакувања од 500 и 1000 грама и преработки кои ги прават по нивен семеен рецепт. Тие вклучуваат намаз од лук, магдонос и маслиново масло, прелив за риба од лук, магдонос и сончогледово масло, закиселен лук во домашен јаболков оцет. Од втората половина на август во својата понуда планираат да воведат и плетенки од лук кои се традиционален метод за конзервирање на свежиот лук од губење на вода т.е калирање.

Ориентираност кон онлајн-продажба среде пандемијата на коронавирусот

Тие го пребираат, го чистат и механички го обработуваат лукот по семеен рецепт. Планираат да го испитаат процесот на производство на сушен, ферментиран како и замрзнат лук. Иако опремата која е неопходна за тоа бара големи вложувања, полека се обидуваат да ја обезбедат. Ова семејство има и насад со сливи и во план им е да го прошират производството во таа насока.

„Поради тоа што претходната година беше таква каква што беше моравме да се прилагодиме на пазарот, па нарачките ги примавме преку нашата веб-страница, социјалните мрежи, мејл или телефон“, вели 32-годишниот Милош, кој се вратил во село Врбица за да не згасне нивната семејна традиција и наследство. 

Како што вели Милош Михок , општо познато е дека лукот е силно зачинско растение кое може да се користи на повеќе начини. Може да се употребува при печење на месо и риба. Можат да се ставаат чешниња директно во месото или да се филува со некои преработки.

Исто ака, намазот од лук може да се користи за пржење на месо, се става наместо масло во тавата, лажиче од намазот и тој за разлика од силниот вкус на лукот станува со сладок вкус. Не се препорачува да се користи „на лажиче“ или директно како намаз поради силината на вкусот, но може да се измеша со неутрални или кисели намази. 

Извор: agromedia.rs

Може да ви се допадне

Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
(ВИДЕО) Традиционално охридско макало – рецепт
Плазма торта, рецепт за класичен десерт готов за 10 минути
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Таг:лукрецепт
Претходен напис Што треба да знаете за одгледување на пауни и на што да внимавате при купување на овие прекрасни птици
Следен напис Неодоливата камелија: Грмушка што цвета од есен до пролет
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?