Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Неодоливата камелија: Грмушка што цвета од есен до пролет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Неодоливата камелија: Грмушка што цвета од есен до пролет
Магазин

Неодоливата камелија: Грмушка што цвета од есен до пролет

Објавено 15/04/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Камелија се смета за најстара култивирана билка во светот. Потекнува од Источна Азија, а во Европа пристигнала пред 300 години од Јапонија. Тоа е грмушка што расте бавно, но живее многу долго и има убави цвеќиња.

Камелија сака делумна сенка и сенка, топла и влажна земја и да биде заштитена од сонце и ветер. Многу добро поднесува ниски температури.

Од неколку стотици диви видови камелија, градинарите направиле неколку илјади сорти. Меѓу нив, најпозната е „Camellia japonica“. Лесно се одгледува и во градина и во саксии. Се карактеризира со голем цвет, кој може да биде монохроматски (од бело до црвено) или шарен.

Камелијата цвета во третата година и затоа е најдобро да се купи расад од расадник.

Избор на вистински вид

При избор на кој вид камелија ќе се засади, најдобро е прво да се погледне времето на цветање. На пример, „sasanquas“ цвета од средината на есента до почетокот на зимата, „japonica“ од средината на зимата до пролет, а хибридите во зависност од сортата. Најдобро е да изберете растенија со различно вре,е на цветање за подолго да уживате во нивната убавина.

Почва: камелијата бара благо кисела почва (pH 5,5-6,5); не расте добро на почва со висока pH вредност и ќе покаже знаци на стрес, што вклучува жолти лисја.

Влага: Камелија има чувствителен корен на премногу вода што ќе предизвика гниење. Затоа е потребно почвата добро да се исцеди.

Светло: најдобро се развива во делумна сенка, односно утринското сонце и попладневната сенка се идеални услови. Ова особено се однесува за младите растенија, кои успеваат во сенка на високи дрвја или ако се одгледуваат на северната страна од куќата. Како што растението расте и станува поголемо, неговата грмушка ќе го лади коренот, така што постепено ќе прифати повеќе сонце.

Засадување на камелии

Најдобро време за садење е помеѓу октомври и март. Камелијата треба добро да се наводни пред пресадување. Дупката треба да биде двојно поширока од коренот и исто толку длабока. Осигурете се дека крошната е најмалку 10 см над земјата. Наполнете ја дупката со земја, нежно притиснете со рацете и потоа полијте со вода.

Наводнување

Наводнувањето е потребно кога е тазе засадена и кога има екстремни суши. Растенијата по 3-годишна возраст не бараат многу вода, но проверете дали е добро исцедена почвата кога ги полевате.

Прихрана

Користете ѓубриво за камелија на пролет, откако ќе паднат цветовите, па повторно во текот на летото, особено ако забележите дека расте бавно или лисјата изгледаат ретки и почнуваат да ја губат својата темно зелена боја. Важно е да не се наводнуваат растенијата во текот на летото, еден ден пред прихраната. Не треба да се претерува ако растението е веќе во плодна почва, бидејќи тогаш му треба малку ѓубриво. Исто така, камелијата не треба да се прехранува ако е болна. По август, не е потребно да се прихранува, бидејќи влегува во период на мирување.

Режење

Режењето се врши по цветањето. Неопходно е да се отстранат мртвите и слаби гранки, а може да ја обликувате да расте нагоре со отстранување на страничните гранки или да ја насочите да расте како грмушка.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:камелијарастениецвеќе
Претходен напис (Фото) Од производи со ознака за Географско потекло прават специјалитети од лук по семеен рецепт
Следен напис Со авионско засејување со сребрен јодит ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?