Пламен Газианов oд Бугарија одгледува 70 декари ореви и има своја продавница за органски био таан и алва во регионот Плевен.
Редови од стотици дрвја кои се протегаат, како под конец во нивата, а цревата за наводнување капка по капка поставени меѓу стеблата ореви засадени наизменично со лешници – вака Пламен Газианов оптимално го искористил просторот во градината со 70 декари кај Славјаново, Плевен. Оревот бара површина од 10 Х 10 метри, но лешникот не му пречи во развојот ако е засаден на овој простор.
Оревите се одгледуваат, како и другите овошни видови со сите придружни агро-активности – прскање, градинарски работи, окопување, ѓубрење. Лешниците лесно можат да се уништат при летните жештини, доколку немаат доволно влага и така наводнувањето капка по капка доаѓа како спас и е од витално значење за лешникот.
Друга специфичност во врска со оревот е тоа што е дводомен, но времето на половата зрелост на машките и женските цветови е различно. Затоа, за да се обезбеди успешно опрашување, неопходно е да се изберат неколку сорти чија полова зрелост се јавува во различни периоди и цветањето на машкиот пол од една сорта се поклопува со подготвеноста за опрашување на женските цветови од друга сорта.
Газијанов одгледува три сорти на ореви, сите бугарски – „Извор 10“, „Дреново“ и „Шеиново“ и четири сорти лешници – „Римски“, „Ран трапезоиден“, „Тонда џентиле“ и „Ата баба“. Неговата плантажа е стара 11 години, но му биле потребни 8 години за да започнат да даваат на плод. Земјоделецот го затворил циклусот на производство со своја продавница во градот Славјаново, каде ги преработува оревите, прави таан и алва . Планира наскоро да започне со производство на ладно цедено масло. Од плантажата до крајниот производ сè е био-сертифицирано. Тој се грижи самостојно за пласманот на производите учествувајќи на земјоделските пазари низ целата земја, земјоделски саеми и изложби, а ги нуди и во некои продавници. Побарувачката за производство се зголемува и расте од година во година.
Исто така, постои капацитет да се зголеми производството. Газијанов купил уште 300 декари земја со намера да ги сади со ореви и лешници. Но, како и во сите други сектори на земјоделство во Бугарија, не може да се најде работна снага. Во моментов, четири лица работат на плантажата и во работилницата, но во интензивната летна сезона нивниот број треба да се зголеми. Земјоделецот патува за да ангажира луѓе од други населени места и минатата година ги земал само од Тетевен.
„Споредено со производството на жито, ако таму има 1 човек на декар, на пример, тука има 20-30 луѓе по декар. Човечката сила е главен фактор кај нас, додека таму се машините “, објаснува Газијанов.
Климатските промени и временската нестабилност исто така се чувствуваат и неповолно се одразуваат на реколтата.
„Сега е топло, неприродно топло, нема снег, растенијата ќе започнат да се развиваат порано и ќе бидат зафатени од мразот во март и април,кој ќе ги уништи или цветовите или плодовите,во зависност од тоа во која фаза се зафатени. Ова може да се види во месец јануари. Оваа година ќе имаме сериозни проблеми со производството “, рече земјоделецот.
Во 2019 година, реколтата беше добра. Просечниот принос на лешници од плантажата е околу 170 килограми од декар и исто толку ореви, што е еден од најголемите приноси во Бугарија. Во 2018 година, поради топлата зима и доцниот мраз, реколтата беше скоро целосно уништена. Во Бугарија е тешко да се најдат решенија за вакви катастрофи.
„Ние немаме или барем јас не знам дека имаме осигурителна компанија која склучува реален договор, како што тоа го прават во сите други европски земји“, вели производителот.
Друг проблем е што врзаните плаќања за оревите беа запрени пред неколку години, како и можноста да се учествува на повикот за мерката 4.2 за набавка на машини за преработка во овој сектор.
„Добивам субвенција за земјиште и за биопродуктивноста. Можеби е пореално ако субвенцијата не е на хектар, туку е на тон или на некој начин е врзана за земјоделското производство “, рече Газијанов.
Овој земјоделецот се справува, неговите производи се бараат, тој успева сам да ја купи потребната опрема, но сè е побавно кога се потпирате само на вашите сопствени инвестиции. Добрите повратни информации од луѓето кои ги купиле неговите производи се она што го наведува Пламен Газианов да продолжи:
„Луѓето се среќни и тоа ми се допаѓа“.
Сепак, негова болна тема е дека младите луѓе не сакаат да се занимаваат со земјоделство и да продолжат со својата работа. Според него, државата може да стори многу за да го поттикне приливот на свежи сили во овој сектор преку подобрување на административните услови и инвестиции во рекламирањето на производите.
Извор:Агри.бг
Напишете коментар