Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавени четири програми на Министерството за животна средина и просторно планирање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Објавени четири програми на Министерството за животна средина и просторно планирање
Шумарство и водостопанство

Објавени четири програми на Министерството за животна средина и просторно планирање

Објавено 15/02/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во службен весник број 29 од 11 февруари и број 30 од 12 февруари 2025г. се објавени годишните програми: Програма за инвестирање во животната средина за 2025 година, Програма за управување со водите за 2025 година, Програма за заштита на природата за 2025 година и Годишната програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад за 2025 година, кои што на предлог на МЖСПП, Владата на Република Северна Македонија ги донесе на 47ма седница на Влада.

Со ПРОГРАМА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2025 ГОДИНА се утврдува намената и се доделуваат средства за финансирање, кофинансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2025 година.  Средствата за реализирање на оваа програма се обезбедуваат од надоместоците утврдени во членот 162 од Законот за животната средина и се предвидени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година во вкупен износ од 871.128.000,00 денари.

Средствата се намнети за следни активности: Поддршка на мерки и активности за спроведување на обуки за заштита и унапредување на животната средина, Поддршка на мерки и активности за управување и заштита на водите во Република Северна Македонија, Поддршка на мерки и активности за заштита на квалитетот на воздухот, Поддршка на мерки и активности за третман на отпадни води и Поддршка на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина

Со ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИТЕ ЗА 2025 ГОДИНА се утврдуваат средствата за извршување на работите согласно член 212 од Законот за водите и тоа за: управување и развој на водните ресурси и надоместување на трошоците за работење на органите на државната управа и органите и организациите кои имаат соодветни надлежности во управувањето со води, изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти, изградба на нови и одржување и унапредување на постојните хидросистеми и хидромелиоративни системи, одржување и заштита на природните езера, одржување на водотеци, изградба и одржување на објекти за регулација на водотеци, заштита од штетните дејства на водите (ерозија и порои) вон населени места, подготовка на планови за одбрана од поплави и замрзнување, планови за заштита од ерозија и порои, подготовка на соодветни планови за заштита од други штетни дејствија на водите вон населените места, контрола на состојбите и собирање и обработка на податоците за резерви на вода и нивно рационално користење, хидрогеолошки и други истражувања, подготвување и организирање на спроведувањето на програмата за мерки за заштита на водите од загадување, мониторинг и утврдување на состојбата со квантитетот и квалитетот на водите и мониторинг на безбедноста на водата за консумирање од страна на човекот, воспоставување и одржување на заштитни зони и изградба на одржување на објекти за заштита на водите од загадување.

За реализација на оваа програма од Буџетот Република Северна Македонија за 2025 година се обезбедени средства во висина од 31.735.000,00 денари.  

Со ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА ЗА 2025 ГОДИНА се утврдуваат активностите кои ќе се рeализираат во 2025 година заради унапредување на заштитата на природата во Република Северна Македонија преку имплементација на целите опредeлени во Националната стратегија за заштита на природата со Акциoнен план (2017-2027). Средствата од оваа програма со вкупен износ од 77.510.000 денари ќе се обезбедат од буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година и од донаторски средства од тековен повеќегодишен проект „Поддршка за пристапување на Северна Македонија во ЕУ во областа на животната средина – Фаза 2“ на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Шведската агенција за животна средина во износ од  30.750.000 денари.

Со ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА УПРАВУВАЊЕТО СО ПОСЕБНИ ТЕКОВИ НА ОТПАД ЗА 2025 ГОДИНА се утврдува намената и се доделувааат средства за финансирање на активности за постигнување на националните цели за посебните текови на отпад за 2025 година.  Средствата за реализирање на оваа програма во вкупен износ од 131 милион денари се утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година.

Канцеларија за комуникација со јавност
Министерство за животна средина и просторно планирање

Може да ви се допадне

На 13.06.2026 година, во 10:00 часот ќе се одржи ловечки испит во просториите на МЗШВ
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
На 18.04.2026 година, во 10:00 часот ќе се одржи ловечки испит во просториите на Министерството
Земјоделците најавуваат зголемување на цените, Министерството за земјоделство ја следи состојбата и ако има потреба ќе реагира со конкретни мерки
Трипуновски од Прилеп: Заложбата на министерството е на нашите полици да се продаваат македонски преработки од земјоделски производи
Таг:животна срединаМинистерствотопросторно планирањечетири програми
Претходен напис Трипуновски во посета на Млекара „Здравје Радово“ во Битола: Нивните производи се произведуваат од најквалитетно македонско млеко
Следен напис ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ за 2025 година: Млад земјоделец, Рурална жена, набавка на добиток…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?