Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повик за изразување интерес за специјалист за животна средина и социјални прашања за Проектот Злетовица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Повик за изразување интерес за специјалист за животна средина и социјални прашања за Проектот Злетовица
Јавни огласи и повици

Повик за изразување интерес за специјалист за животна средина и социјални прашања за Проектот Злетовица

Објавено 09/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија, со финансиска поддршка од Светска банка, го подготвува проектот „Злетовица – продуктивност преку наводнување и обновлива енергија“ (PIREP), кој ги опфаќа Фаза II – наводнување и Фаза III – хидроенергија на Хидросистемот „Злетовица“.

За потребите на проектот се објавува јавен повик за ангажирање локален специјалист за животна средина и социјални прашања, со полно работно време, за период од 12 месеци.

Специјалистот ќе биде одговорен за интегрирање на еколошките и социјалните аспекти во подготовката на планираните инвестиции, согласно националното законодавство и стандардите на Светска банка.

Ангажманот ќе опфаќа процена и следење на еколошките и социјалните ризици, преглед на релевантните студии и планови, следење на прашањата поврзани со водните ресурси, биолошката разновидност, климатските промени и безбедноста на локалните заедници, како и координација со надлежните институции, консултантите и засегнатите страни.

Специјалистот ќе учествува и во подготовката на извештаи, проектна документација и активности за усогласување со еколошките и социјалните барања.

Краен рок за пријавување: 27 октомври 2026 година, до 12:00 часот.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Проект PIREP

До: г-ѓа Ана Гацева

ул. „Ленинова“ бр. 2, 1000 Скопје

Е-пошта: [email protected]

Деталните услови и проектните задачи се достапни во приложената документација на јавниот повик.

TERMS OF REFERENCE

REQUEST FOR EXPRESSIONS OF INTEREST 

МЗШВ

Може да ви се допадне

Повик за појавување на интерес за организирање на саеми од областа на земјоделството и руралниот развој за промоција на производи од територијата на Република Северна Македонија од страна на земјоделски производители 03/2026
ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК БР. 03/2026 – МЕРКА 8 ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СТОЧАРСКИОТ СЕКТОР
МЕРМС: Голем интерес за обновливи капацитети, со системски решенија за реални проекти и побрза реализација
СООПШТЕНИЕ за пријавувањето за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун
Продолжен рокот за Јавните повици за државно земјоделско земјиште
Таг:животна срединаЗлетовицаинтерес
Претходен напис Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?