Владата ја донесе ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2025 ГОДИНА
I
Средствата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година во вкупен износ од 840.000.000 денари се обезбедени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.254/24), Раздел 14004-Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (во натамошниот текст: Агенцијата), Програма 2-Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Потпрограма 20-Финансиска поддршка во земјоделството, Ставка 464-Разни трансфери во износ од 720.000.000 денари и Потпрограма 2А-Финансиска поддршка на рурален развој, Ставка 489–Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 120.000.000 денари.
II
(1) Дел од средствата од делот I од оваа програма во износ од 271.000.000 денари ќе се користат за следните мерки за финансиска поддршка на руралниот развој:



(2) Дел од средствата од делот I од оваа програма во износ од 560.480.000 денари ќе се користат за следните мерки за техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој:







(3) Дел од средствата од делот I од оваа програма во износ од 120.000 денари се наменети за утврдување на производна цена на винско грозје согласно член 22 од Законот за виното (*).
(4) Дел од средствата од делот I од оваа програма во износ од 8.400.000 денари се наменети за Фондот за иновации и технолошки развој согласно член 26 од Законот за иновациска дејност.
III
(1) Средствата од делот II став (1) од табелата мерка 111 „Обука и информирање на земјоделските производители“ од оваа програма се спроведуваат согласно членовите 66, 91 и 92 од Законот за земјоделство и рурален развој како неповратна финансиска поддршка за организирање и одржување на професионална обука за стекнување вештини и информативни сесии за усовршување и оспособување на земјоделските производители, преку одржување на курсеви, семинари, предавања, посети на земјоделски и шумски стопанства, работилници и индивидуално учење, особено за следните области:
– успешно организирање и раководење на земјоделското стопанство;
– воведување на дополнителни дејности на земјоделско стопанство;
– воведување и употреба на современи технолошки достигнувања и иновативни практики;
– трансфер на знаења за постигнати научно – истражувачки резултати;
– користење на информатички технологии за земјоделско производство;
– примена на пропишани стандарди од областа на заштитата на животната средина, заштита на здравјето на луѓето, заштита и на здравјето на растенијата, заштита на здравјето и благосостојбата на животните и примена на хигиенски пракси;
– примена на мерките за поддршка за вршење на земјоделски производни практики за заштита и унапредување на животната средина и руралните предели и
– воведување на земјоделско производство со примена на повисоки стандарди за квалитет.
(2) Висината на поддршката од ставот (1) на овој дел изнесува 100% од вредноста на прифатливите и направените трошоци.
(3) Поддршката од ставот (1) на овој дел може да се додели во вид на авансна исплата до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ, а остатокот се исплаќа соодветно по секоја реализирана обука или информативна сесија врз основа на реалниот број на учесници.
(4) Корисник на поддршката од ставот (1) на овој дел е давателот на обуката или на други форми на трансфер на знаење и активности за информирање.
(5) Поддршката од ставот (1) на овој дел е наменета за земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (во натамошниот текст: ЕРЗС).
IV
(1) Средствата од делот II став (1) од табелата мерка 112 „Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност“ од оваа програма се спроведуваат како неповратна финансиска поддршка за започнување со земјоделска дејност на млади земјоделци, кои за прв пат започнуваат да се занимаваат со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство согласно членовите 67, 91 и 92 од Законот за земјоделство и рурален развој.
(2) Поддршката од ставот (1) на овој дел се доделува на млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години кои поднеле барање не подоцна од 18 месеци од денот на запишувањето на новото земјоделско стопанство или промената за истото во ЕРЗС.
(3) Поддршката од ставот (1) на овој дел може да се додели во вид на авансна исплата до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ, а остатокот се исплаќа по реализација на инвестицијата.
(4) Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за ист тип на инвестиција, не можат да бидат корисници на финансиска поддршката од став (1) на овој дел.
(5) Земјоделските стопанства кои биле корисници на мерката од ставот (1) на овој дел од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години, не можат да бидат корисници на оваа мерка.
(6) Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата.
(7) Дел од средствата од ставот (1) на овој дел во износ од 6.000.000 денари се наменети за неподмирени обврски за реализација на мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност“ од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години.
V
(1) Средствата од делот II став (1) од табелата мерка 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделско производство“ од оваа програма се спроведуваат како неповратна финансиска помош согласно членовите 67-а, 91 и 92 од Законот за земјоделство и рурален развој за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на семејните земјоделски стопанства.
(2) Поддршката од ставот (1) на овој дел се доделува на млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години.
(3) Поддршката од ставот (1) на овој дел може да се додели во вид на авансна исплата до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ, а остатокот се исплаќа по реализација на инвестицијата.
(4) Поддршката од ставот (1) на овој дел се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на земјоделското стопанство за период од најмногу три години од денот на одобрување на поддршката.
(5) Висината на поддршката од ставот (1) на овој дел, може да изнесува до 1.200.000 денари.
(6) Поддршката од ставот (1) на овој дел се доделува на семејни земјоделски стопанства кои не користеле поддршка од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој согласно член 67 од Законот за земјоделство и рурален развој.
(7) Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата.
(8) Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за ист тип на инвестиција, не можат да бидат корисници на финансиска поддршка од став (1) на овој дел.
(9) Земјоделските стопанства кои биле корисници на мерката од ставот (1) на овој дел од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години, не можат да бидат корисници на оваа мерка.
(10) Дел од средствата од ставот (1) на овој дел во износ од 1.078.592 денари се наменети за неподмирени обврски за реализација на мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделско производство“ од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години.
VI
(1) Средствата од делот II став (1) од табелата мерка 115 „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“ од оваа програма се спроведуваат согласно членовите 90, 91 и 92 од Законот за земјоделство и рурален развој како неповратна финансиска поддршка за инвестиции за набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата.
(2) Поддршката од ставот (1) на овој дел се доделува на женски член на земјоделско стопанство запишано во ЕРЗС.
(3) Висината на поддршката од ставот (1) на овој дел изнесува до 360.000 денари по корисник.
(4) Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за ист тип на инвестиција, не можат да бидат корисници на финансиска поддршката од став (1) на овој дел.
(5) Земјоделските стопанства кои биле корисници на мерката од ставот (1) на овој дел од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години, не можат да бидат корисници на оваа мерка.
(6) Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка и/или доработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата.
VII
(1) Средствата од делот II став (1) од табелата мерка 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“ од оваа програма се спроведуваат согласно членовите 70, 90, 91 и 94 од Законот за земјоделство и рурален развој како неповратна финансиска поддршка, а поддршката претставува учество во нови инвестиции за следните намени:
– набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата буша), од увоз или од признати организации на одгледувачи регистрирани согласно член 6 од Законот за зоотехника ();
– набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци, од увоз или од признати организации на одгледувачи регистрирани согласно член 6 од Законот за зоотехника ();
– набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози од увоз или од признати организации на одгледувачи регистрирани согласно член 6 од Законот за зоотехника ();
– набавка на педигрирани свињи (нерези и назимки) чистокрвни или хибриди од увоз или од признати организации на одгледувачи регистрирани согласно член 6 од Законот за зоотехника ();
– подигнување на нови повеќегодишни лозови и овошни насади, повеќегодишни насади со ароматични растенија и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини;
– набавка на пчелни матици и пчелни роеви од одобрени одгледувалишта согласно Законот за зоотехника (*);
– набавка на опрема во пчеларството;
– набавка на трактори;
– набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз;
– набавка на машини за разбивање на мраз;
– набавка на системи против замрзнување;
-заштитни мрежи и заштитни фолии;
– набавка на опрема за систем за наводнување – капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода;
– набавка на комбајни за жито;
– набавка на опрема за производство на тутун и расад од тутун;
– инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем;
– инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем;
– набавка на силоси;
– набавка на опрема за навигација и смарт земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација, хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство;
– набавка на приклучна механизација;
– инвестиција во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, за потребите на објектот и – инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларник за заштита од дивеч.
(2) Краен рок за поднесување на барања за исплата на поддршката од ставот (1) алинеи 1, 2, 3, 4 и 6 на овој дел, за периодот од 1 октомври 2024 година до 31 август 2025 година е најдоцна до 30 септември 2025 година.
(3) За реализација на мерката од ставот (1) алинеи 1, 2, 3, 4 и 6 на овој дел за периодот од ставот (2) на овој дел, Агенцијата објавува јавни повици за поднесување на барања за исплата на финансиска поддршка до 1 септември 2025 година.
(4) Краен рок за поднесување на барања за исплата на поддршката од ставот (1) алинеја 5 на овој дел, за периодот од 1 мај 2024 година до 31 декември 2024 година е 31 мај 2025 година.
(5) За реализација на мерката од ставот (1) алинеја 5 на овој дел за периодот од ставот (4) од овој дел, Агенцијата објавува јавни повици за поднесување на барања за исплата на финансиска поддршка до 30 април 2025 година.
(6) За реализација на мерката од ставот (1) алинеи 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21 и 22 на овој дел, Агенцијата објавува јавен повик за поднесување на барања за финансиска поддршка до 30 јуни 2025 година.
(7) Корисниците на мерката од ставот (1) алинеја 16 и 17 на овој дел, треба да бидат евидентирани/регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство и тоа за опрема пред реализација на инвестицијата, а за објекти по реализација на инвестицијата.
(8) Средствата од став (1) на овој дел во износ од 50.000.000 денари се наменети за преземени обврски од реализација на мерка 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“ од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години.
VIII
(1) Средствата од делот II став (1) од табелата мерка 122 „Инвестиции за зголемување на економската вредност на шумите“ од оваа програма се спроведуваат согласно членовите 71 и 90 од Законот за земјоделство и рурален развој како неповратна финансиска поддршка наменета за инвестиции за одржливо стопанисување со шумите.
(2) Висината на поддршката од ставот (1) на овој дел изнесува до 6.000.000 денари без данок на додадена вредност, останати даноци и јавни давачки.
(3) Поддршката од ставот (1) на овој дел е за наменета за одржливо стопанисување со шумите.
(4) Прифатливи трошоци за инвестиции за мерката од ставот (1) на овој дел се трошоци наменети за набавка на опрема за реализација на активностите предвидени во план и/или програма за стопанисување со шумите и изградба на патишта и чистење на шумите за заштита од пожари.
(5) Корисник на поддршката од ставот (3) на овој дел е Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ П.О. – Скопје.
(6) Висината на поддршката за инвестициите од ставот (3) на овој дел не може да надмине 50% од прифатливите трошоци за реализација на инвестицијата.
IX
(1) Средствата од делот II став (1) од табелата мерка 124 „Инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството и заштита од природните непогоди“ од оваа програма се спроведуваат согласно членовите 73 и 90 од Законот за земјоделство и рурален развој како неповратна финансиска поддршка за инвестиции за следните намени:
– останати инвестиции наменети за водостопанска инфраструктура;
– системи за снабдување со вода, вклучително и бунари и водопоила на пасишта во државна сопственост;
– електрификација на пасиштата во државна сопственост (освен за громобрани на пасишта); – инфраструктура за пристап до пасиштата во државна сопственост;
– изградба и/или реконструкција на придружни објекти на пасишта во државна сопственост;
– инфраструктура за пристап до земјоделското земјиште;
– консолидација на земјоделско земјиште и
– санација и модернизација на силоси во државна сопственост.
(2) Корисник на средствата од ставот (1) алинеја 1 на овој дел е Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија – Скопје и јавните водостопански претпријатија.
(3) Корисник на средствата од ставот (1) алинеи 2, 3, 4 и 5 на овој дел е Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје.
(4) Корисник на средствата од ставот (1) алинеја 6 на овој дел се единиците на локалната самоуправа.
(5) Корисник на средствата од ставот (1) алинеја 7 на овој дел е Министерството.
(6) Корисник на средствата од ставот (1) алинеја 8 на овој дел е Јавното претпријатие за берзанско работење Агро-Берза – Скопје.
(7) Средствата за инвестициите од став (1) алинеите 6 и 8 на овој дел ги спроведуваат корисниците од ставовите (4) и (6) на овој дел по пат на јавна набавка.
(8) Финансиска поддршка од ставот (1) на овој дел се доделува во висина на износот утврден согласно договорите за јавна набавка.
(9) Финансиска поддршка по барање на корисникот може да се додели согласно со фазите на реализација на инвестицијата.
(10) Дел од средствата од ставот (1) на овој дел во износ од 850.000 денари се наменети за неподмирени обврски од реализација на мерката 124 „Инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството” од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години.
X
(1) Средствата од делот II став (1) од табелата мерка 126 „Инвестиции за реструктуирање на земјоделски стопанства“ од оваа програма се спроведуваат согласно член 70-а, 90, 91 и 93-a од Законот за земјоделство и рурален развој за зголемување на производните капацитети на земјоделските стопанства.
(2) Корисникот на поддршката од ставот (1) на овој дел е семејно земјоделско стопанство регистрирано во ЕРЗС и чиј носител е на возраст до 50 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка.
(3) Поддршката од став (1) на овој дел е наменета за поддршка на земјоделски стопанства кои одгледуваат од 101 до 300 грла овци и/или од 5 до 10 грла крави.
(4) Поддршката од ставот (1) на овој дел е наменета за инвестиции во купување на земјоделско земјиште, набавка на живи животни, изградба и реконструкција на објекти и набавка на механизација и опрема и за користење на советодавни услуги во земјоделството.
(5) Поддршката од ставот (1) на овој дел може да се додели во вид на авансна исплата до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ, а остатокот од неповратната финансиска поддршка се исплаќа по реализација на инвестицијата.
(6) Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за ист тип на инвестиција, не можат да бидат корисници на финансиска поддршката од став (1) на овој дел.
(7) Висината на поддршката од ставот (1) на овој дел изнесува до 70% од прифатливите и направени трошоци за реализација на инвестицијата.
(8) Поддршката се реализира преку деловен план на земјоделското стопанство со кој се предвидуваат инвестициони активности за период од најмногу три години, соодветни на планираното зголемување на производните капацитети на земјоделското стопанство за инвестиции од став (3) на овој дел.
(9) Земјоделските стопанства кои се корисници на инвестициите од ставот (4) на овој дел треба најмалку три последователни години да имаат пријавени капацитети од ставот (3) на овој дел пред започнување на инвестицијата, а до крајот на завршување на инвестицијата согласно деловниот план од став (8) на овој дел, големината на новите капацитети треба да се поголеми од почетните најмалку за 50%.
XI
(1) Средствата од делот II став (1) од табелата мерка 131 „Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност“ од оваа програма се спроведуваат согласно членовите 74, 90 и 91 од Законот за земјоделство и рурален развој како неповратна финансиска поддршка за следните намени:
а) За воспоставување на земјоделската задруга не постара од 12 месеци од денот на основање на земјоделската задруга до денот на објавување на јавен повик за доставување на барања за исплата на средства (подмерка 131.1):
– трошоци за воспоставување на земјоделската задруга (адвокатски трошоци, нотарски трошоци, административни трошоци);
– трошоци за закуп на канцелариски деловен простор за работа на земјоделската задруга за период не подолг од 36 месеци;
– трошоци за набавка на компјутерска опрема, канцелариски мебел и компјутерски софтвер за планирање, управување, следење и контрола;
б) За функционирање на земјоделските задруги (подмерка 131.1):
– бруто-плата за едно вработено лицe во земјоделската задруга со висина на износ не поголема од просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во Република Северна Македонија;
– услуги од трети лица за водење на сметководство и ревизија на работењето на земјоделската задруга;
– услуги за изработка и одржување на интернет-страница;
в) За инвестиции за унапредување на физичкиот потенцијал на земјоделската задруга (подмерка 131.2) и тоа за:
– трактори;
– култиватори или мото-култиватори;
-опрема и приклучна механизација за припрема на почвата, садење или за берење/собирање/ жнеење и транспорт;
-генератори и агрегати за обезбедување на електрична енергија на земјоделското земјиште;
-градежни материјали и елементи за конструкција на бунари и други зафати на површинска вода за наводнување на земјоделскиот имот на корисникот;
– системи за наводнување;
– хидротехничка опрема за одржување на системите за наводнување;
– опрема за загревање и климатизирање на заштитни простори;
– конструкции за поставување на заштитни мрежи и фолии;
– заштитни мрежи и фолии;
– системи против замрзнување (антифрост системи);
– навигациони системи за механизиација и комбајни;
– опрема за производство на амбалажа за постбербени активности;
– опрема за складишни капацитети; – електрични огради за заштита од дивеч;
– опрема за пластеници и стакленици (вклучително и Хидропоника и/или Аеропоника);
– опрема за производство на енергија од обновливи извори за потребите на земјоделската задруга;
– градежни материјали и елементи за конструкција на капацитети за постбербени активности или купување на постоечки објект за постбербени активности;
– градежни материјали и елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на механизацијата и опремата;
– градежни материјали и елементи за конструкција на расадници со опрема за микроклиматски услови;
– услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи;
– услуги од трети лица за инсталирање на опремата вклучително и софтвер и – услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација.
(2) Висината на поддршката за прифатливите трошоци од ставот (1) на овој дел по корисник изнесува:
– за прифатливите трошоци од ставот (1) точка а) на овој дел до 100% од направените трошоци;
– за прифатливите трошоци од ставот (1) точка б) алинеја 1 на овој дел до 60% од направените трошоци;
– за прифатливите трошоци од ставот (1) точка б) алинеи 2 и 3 на овој дел до 100% од направените трошоци;
– за прифатливите трошоци од ставот (1) точка в) на овој дел до 90% од вкупната вредност на набавката и – поддршката за прифатливи трошоци од став (1) точка а) алинеја 3 на овој дел се исплаќа еднократно.
(3) Поддршката од ставот (1) точка б) на овој дел се однесува на трошоци настанати во земјоделските задруги за период на 2023, 2024 и 2025 година.
(4) Поддршката од ставот (1) точка в) на овој дел се доделува врз основа на одобрен деловен план изготвен за плански период од најмалку пет години.
(5) Дополнителни барања за поддршката од став (1) точка в) на овој дел се: – одлука на земјоделската задруга за потребата од инвестиции донесена согласно Статут и – исплата на плата за еден вработен во земјоделската задруга за претходната година или за новоформираните земјоделски задруги исплата на плата за тековната година сметано од денот на основање на земјоделската задруга до денот на објавување на јавниот повик за поднесување на барања за финансиска поддршка.
(6) За реализација на мерката од ставот (1) точка в) на овој дел, Агенцијата објавува јавен повик за поднесување на барања за финансиска поддршка до 30 март 2025 година.
(7) Дел од средствата од ставот (1) на овој дел во износ од 3.000.000 денари се наменети за неподмирени обврски од реализација на мерката 131 „Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност“ од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години.
Извор: Службен весник