Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов штетник им се заканува на лозовите насади и на овоштарниците – веќе е во Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Нов штетник им се заканува на лозовите насади и на овоштарниците – веќе е во Европа
Совети

Нов штетник им се заканува на лозовите насади и на овоштарниците – веќе е во Европа

Последна измена: 13/01/2020 11:29
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

 На Европа и се заканува нов штетник со потекло од Кина. Предизвикува штети на дрвенестите растенија и може да предизвика и до 90% губење на приносот на лозовите насади.

Во последните 20 години, многу инвазивни видови штетници со потекло од Азија се закана за Европа и Северна Америка, а новиот вид е со многу снажен заканувачки третман. Тоа е штетникот Lycorma delicatula.

 Потеклото на овој штетник (на англиски јазик, Spotted lanternfly, во буквален превод значи „дамкаста светлечка мува“) е од Кина, Виетнам и Тајван, а случајно беше донесен во Јужна Кореја и Јапонија, каде беше забележана штета во средината на 2000-тите години. Неодамна, во 2014 година, таа беше забележано во Пенсилванија (САД), а нејзината застапеност се прошири бидејќи густината на населението се зголеми и оттогаш претставува закана за Америка и Европа.

Во Пенсилванија, предизвикани се  огромни штети на винската индустрија каде  што  некои лозари пријавијле загуба на приносот дури до  90% заради овој штетник.

Домаќини на овој штетник се могу растителни видови, дури 70% од нив. Освен на  лозовите насади овој штетниик им се заканува и на овошни видови од сортите Malus, Prunus i Pyrus, (јаболко, слива, круша), но и  на украсните и шумските дрвја како што се Acer, Betula, Cornus, Hibiscus, Pinus, Quercus итн., Сепак  најголемата штета досега е забележана кај лозата.

 Како да го препознаете?

Предните крилја на штетникот Lycorma delicatula се сиви со црни точки, дел од задното крило е црвено со црни точки, а остатокот е бело и црно, додека абдоменот е жолтеникав со црни ленти.

Има една генерација годишно и хибернира во фазата на јајца. Лежи 30 до 50 јајца покриени со жолтеникаво-кафеав восочен слој што личи на кал. Освен на дрвјата, јајцата се поставени и на други места, како што се тули, камења, возила или мртви растенија. Количината на јајца положени на разни материјали може да претставува опасност за ширењето на овој инсект со помош на човечко влијание.

На поголемо растојание се пренесуваат преку заразените растенија и материјалите на кои се положени јајцата. При исхраната на преодните форми на штетникот доаѓа до создавање на лисја со жолта боја, а се појавува и измет на дрвото. За време на нападот, се лачи медна роса на која габите подоцна се развиваат. Исто така, знак на зараза може да биде присуството на мравки, пчели, стршлени и оси привлечени од медната роса.

 Фитосанитарен ризик

Патиштата за ширење  на L. delicatula се садниците, а за детекција се поставуваа лепливи замки во основата на стеблото , затоа што е забележано дека младите ларви лесно паѓаат од дрвото под влијание на ветрот. Со оглед на климатските промени кои се релевантно погодни за него, се смета дека може да се појави и во областите на одгледување вино во Европа, а увозот од Азија и САД, каде што веќе се присутни овие штетници, претставува дополнителен ризик. Во Европа, овој штетник сè уште не е пријавен , но не може да се исклучи дека веќе не е присутен, бидејки може да има незабележано мала популација, особено во близина на аеродромите, пристаништата или железничките станици, од каде може да започне инвазијата.

Како можеме да се подготвиме за потенцијално пристигнување на  овој штетник во Европа?

Активната биоконтрола е важна за природните непријатели. Познатите природни непријатели на L.delicatula се паразитски оси (Anastatus orientalis и Drynus sp.). Природните непријатели би можеле да станат потенцијални агенти за биолошка контрола, да ја намалат густината на штетници и да го забават ширењето, намалувајќи ја економската или еколошката штета поврзана со овој штетник.

Извор https://www.agroklub.ba/

Може да ви се допадне

Супер трик кој ќе ве воодушеви: Како на хортензиите да им ја смените бојата?
(ВИДЕО) Прихрана и заштита со МЛЕКО: Нема да ги препознаете краставиците и доматитe, оваа мешавина е како ракетно гориво за раст
Како да одгледувате зеленчук на балкон
Еве кога се откинуваат првите лисја кај доматите
Како да ги одржувате розите здрави?
Таг:Во европа се појави нов штетникЗакана за лозовите насадинов штетник
Претходен напис Кои се најголемите производители на земјоделски производи во светот?
Следен напис Препораки од експертите за бистрење на виното
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?