
Кина е земја која во 2019 година произведе најмногу храна на светот . Но, САД се далеку поефикасни во ова.
Покрај водата за пиење, пристапот до храна е главна грижа за жителите на Земјата. Поради оваа причина земјоделството е една од најголемите и најважните индустрии во светот. Продуктивноста во земјоделството е важна не само за трговскиот биланс, туку и за безбедноста и здравјето на населението.
САД, Кина и Индија се најголемите производители на земјоделски и прехранбени производи во светот, делејќи го првото, второто и третото место од година во година, а во 2019 година ведаш зад нив се најде Бразил. Според „Инвеститопедија“, Кина и Индија се најголеми потрошувачи на храна во светот, но со оглед на големината на нивната популација, овој индикатор воопшто не изненадува.
Кина располага со најголема работна сила, а Америка има најефикасно производство
Кина е најголем производител, увозник и потрошувач на храна и има најголемо вработување на луѓе во ова производство, со околу 315 милиони работници. Веројатно не е изненадувачки што Кина е водечки светски производител на ориз, но исто така е и прва што произведува пченица и зеленчук, при што зелката и кромидот се најистакнати. Земјата произведува 18,52% од вкупната количина на храна во светот.
Индија е на второ место, но интересно е тоа што, произведува двојно помалку храна од Кина, опфаќа 10,04% од вкупното производство. Земјата е најголем производител на просо, а после него намногу се произведува шеќер, јачмен, ‘рж и грав.
Бразил опфаќа 9% од вкупниот извоз и најмалку 31% од површината се користи за обработка, главно за производство на кафе, шеќерна трска, соја и пченка. Поради топлата клима, тој е главен производител на портокали, ананас, папаја и кокос. Исто така е значаен производител на говедско месо.
Авганистан произведува најмалку храна
Постојаните воени конфликти во комбинација со лошите климатски промени ја доведоа оваа земја на дното во производството на храна. 2018 година беше една од нивните најлоши години бидејќи земјата беше погодена од пролонгирана суша која што оштети 60% од вкупниот принос. Иако нивното мислење беше дека ќе можат да се опорават, тоа не се случи во 2019 година и катастрофално е што дури 14% од населението гладува, пренесува „Концернус“.
Извор https://www.agroklub.com/
Напишете коментар