Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Насад со органски бадеми: Сите информации, од набавка на садници, одгледување, субвенции до продажба по 13 евра за килограм
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Насад со органски бадеми: Сите информации, од набавка на садници, одгледување, субвенции до продажба по 13 евра за килограм
Предлог бизнис

Насад со органски бадеми: Сите информации, од набавка на садници, одгледување, субвенции до продажба по 13 евра за килограм

Последна измена: 11/02/2025 16:05
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Доколку размислувате да инвестирате во нов овошен насад, наша препорака е тоа да биде насад со јаткасти плодови, конкретно бадем. Причините се неколку- полесни за одржување во однос на другите овошни култури како праски или јаболка, потоа поголема побарувачка на пазарот како за конзумација така и за преработка и на крај подолг рок на траење после берба.

Поради брзата дехидрација на бадемовото стебло во првите две години треба да се има предвид дали местото каде е предвиден насадот има вода за наводнување и секако да се направи анализа на почвата.

Во зависност од тоа дали има или не наводнување се определува подлогата и тоа ГФ ако има наводнување со моментална цена од 2.80 евра и дива подлога на места каде нема наводнување по цена од 2.10 евра.

Сорти кои се предвидени за засадување во Македонија се нови сорти со доцно цветање поради честа појава на доцни мразеви. За површина од 1 ха потребни се 400 садници со поставување на одалеченост 4×4 и тоа на претходно обработена и наѓубрена површина.

Ги препорачуваме грчки садници на италијанска подлога произведени во овоштарскиот регион Вериа.

Стратос Ставроу

-Произведуваме по 200 000 садници праска, кајсија и 50 000 бадем. Со GFподлога со потекло од Италија, прочистени од болести. Наши клиенти се големи и мали производители и продаваме и на пазарите во Бугарија, Мароко, Јордан. Произведуваме и по 100 000 садници круша, јаболко и по 50 000 сливи. Секогаш работиме со нови сорти а патентите ги купуваме од разни центри низ Европа и Америка – вели сопственикот Стратос Ставроу.

Карактеристично во овој расадник е следењето на новите модерни технологии на производство и сорти кои се бараат на странските пазари. Исто така испитувањата се прават и за влијанието на климатските промени како и однесувањето на сортите кон болести и штетници.

При копањето на отвор за садник во почвата треба да се води сметка да не се отвара со сврдел за да не доаѓа до цементирање на отворот и во тој случај кореновиот систем нема да може да се шири и би дошло до сушење на садникот.

Кога се припрема почвата се употребува ѓубриво со висок процент на органски материи и фосфор. Кога насадот е конвенционален во текот на вегетација би имало 5-6 третирања, а кога имаме органски насад во зависност од временските услови третирањата би достигнале до 8 во текот на вегетација.

Исто како и кај сите овошки и бадемот има потреба од ѓубрење, прихрана и заштита во текот на вегетацијата.

Првиот род се очекува после тертата година а после четвртата година се очекува род од 25 килограми по садник.

Доколку производителот се определи да има органско производство тогаш исплатливоста е поголема затоа што субвенциите од државата се повисоки, а цената на органскиот бадем достигнува и до 13 евра за 1 килограм.

Начинот на производство на органски бадем е според програма за заштита и прихрана која може да претрпува промена зависно од временските услови. Во секој случај органското производство бара поголема ангажираност околу насадот.

Важно за производителите е информацијата за висината на субвенциите кои ги дава државата за подигнување на насадор и за одржување.

За подигнување на нов овошен насад е мерка преку ИПАРД при што држвата ви враќа 60% од инвестицијата.

Преку ИПАРД можете да вратите 60% од инвестицијата за нов овошен насад, еве што треба да знаете

За одржување за насад со бадеми субвенцијата е 30 000 денари од хектар за овошарник од 1 до 5 хектари. За сите други е 25 000 денари од хектар.

За органско дополнитени 70 % од претходниот износ.

Вложувањето во агрокомплексот во моментов е најсигурната инвестиција за сите што планираат да имаат сопствен бизнис или да го развијат постојниот. За земјоделците и агробизнисмените мотив плус да вложуваат во зголемување на производството.

Кризата со вирусот COVID -19 покажа дека производството на храна е најдоходовен бизнис, а руралниот развој перспективна гранка за која и Европската унија покажува голем интерес преку фондови и неповратни финансиски средства.

Владата на Република Северна Македонија преку разни програми нуди можности за започнување на семејни агробизниси и за модернизирање и зголемување на производството на храна преку домашни и ЕУ фондови.

Апликациите можете да ги подготвувате и сами, но комплицираноста на постапката и обезбедувањето на потребната документација, бара стручност и знаење за да бидете сигурни дека ќе се прифати вашата апликација.

Може да ви се допадне

Субвенции од 100% за набавка на ГОРИВО за земјоделска механизација
Субвенционирање на КАМАТНА СТАПКА, предвидува новиот закон за земјоделство и рурален развој
(ВИДЕО) Велче Црвенов: Наместо работа во Швајцарија, семејна фарма со 100 грла овци од расата Асаф и убав живот дома
(ВИДЕО) Модерно карго, патничка железница од Табановце до Гевгелија, болници – Мицкоски најави инвестиции по договорот со Обединетото кралство
ЕК: Малите земјоделци ќе можат поедноставно да добијат 50.000 евра за унапредување на конкурентноста на нивните фарми
Таг:бадемиевракилограморганскопрограмасадниксубвенции
Претходен напис Регистрирајте се на Инфо Тим Логистика: Пазари, цени, контакти, берза…
Следен напис Овесот е новата Нокиа за Финска?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?