Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава
Агровест

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Објавено 06/12/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува за минимум 20-тина отсто да се зголемат откупните цени за тутунот и да достигнат до 400 денари за откуп на килограм тутун од прва класа и најавува нови мерки за тутунопроизводителите.

-Тутунот е една од стратешките македонски култури со извоз од над 120 милиони евра и е најзначајна култура дури и пред виното. Токму затоа водиме голема грижа во поглед на поддршката на тутунопроизводителите. Го променивме моделот на проценување, повеќе се цени првата класа со што годишно добиваат пет милиони повеќе заради новиот модел. Подготвуваме нови мерки кои ќе ги соопштиме со носењето на годишните програми, рече Николовски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на канцеларијата на Источниот плански регион  во Штип.

Нагласи дека веќе имале средби со откупните компании и додаде дека очекуваат за минимум 20 проценти да биде зголемена откупната цена на тутунот за годинава. Некои од откупните компании, како што кажа, веќе и го најавиле тоа.

-Ние традиционално сме партнер и на производителите  и на откупувачите на тутун. Едните без другите не можат. Овие денови ќе имаме активни средби. Претседателот на Сојузот на тутунарите доби насока од нас на барање од откупните компании да ги посети откупните компании и да направи разговори со нив и да почне откупот, рече Николовски.

Посочи дека веќе е подготвен теренот за тоа и се направени сите проверки од Државниот инспекторат за земјоделство, но има и потврда од сите откупни компании дека се подготвени за почетокот на откупот и имаат обезбедено средства за тоа.  

Тутунарите од Прилеп, пак, бараат цената за откуп на килограм тутун од прва класа да изнесува 600 денари.

МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Директорот на Царина Николовски: Со месеци работиме на истрага за акцизна стока – нешто на што досега било незамисливо да се работи
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Трипуновски: 25.500.000 ден. за набавка на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии, за Научниот институт за тутун – Прилеп
НЗМ предупредува: Во последно време се засадуваат големи површини со тутун од страна на правни лица и одредени бизнис-групации
Таг:400 денариНиколовскиОчекувам ценапрва класатутун
Претходен напис Продолжен рокот за спроведување на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните
Следен напис Николовски: Уште еден капитален проект во срето на Осоговските планини станува реалност – Со 6 милиони денари преку програмата за рурален развој го започнуваме првиот чекот кон реализација на мастер планот за изградба на ски центарот Царев Врв
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?