Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со авионско засејување со сребрен јодит ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со авионско засејување со сребрен јодит ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град
Агровести

Со авионско засејување со сребрен јодит ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град

Објавено 15/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Костадин Ацевски, на спортскиот аеродром Стенковец, денеска ја најавија авионската заштита на земјоделските површини од временски непогоди, за оваа година.

Jавната набавка на услуги за модификација на време со авионско засејување на градоносни облаци е завршена. Вредноста е иста колку и минатата година и изнесува околу 60 милиони денари. Средства се обезбедени преку Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со авионско засејување со сребрен јодит годинава ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град. Авионското засејување ќе се прави со три авиони од аероклубот „Скопје“ чија понуда била избрана за најповолна на тендерот што го објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Средствата во висина од 60 милиони денари се обезбедени преку Програмата за рурален развој на МЗШВ.

– Новина е тоа што наместо два, на располагање ќе бидат три летала, со што се очекува да се постигне подобра покриеност на целата територија и ќе се зголеми можноста за делување во повеќе региони кои истовремено се зафатени од појава на град – изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

May be an image of 2 people, people standing and outdoors

Овој метод на заштита е воведен за првпат минатата година и според направената анализа на Управата за хидрометеоролошки работи се покажал како успешен. Анализата покажала дека лани имало натпросечен број на денови со нестабилна облачност при што се испалени вкупно 1.083 палки или 433 килограми реагенс за време од 180 часа лет на авионите.

– Не можеме да го игнорираме фактот дека климата се менува на целата земјина топка. Тоа е процес кој трае и кој ќе продолжи во иднина согласно сите научни истражувања. Токму затоа како Министерство преземаме чекори за заштита на земјоделските посеви. Авионското засејување е само еден чекор од стратегијата – истакна Хоџа.

Овој начин на заштита е еден од најсовремените и се смета за безбеден метод што го користат многу други држави.

– Реагенсот што се користи е истиот што долги години се користеше во системот за градобијна заштита. Според истражувањата на терен градобијниот систем е помалку ефективен бидејќи реагенсот секогаш не влегува во нестабилната воздушна маса, додека со авионското засејување на градоносните облаци авионот доаѓа во близина на ваков облаци и самите струи на облакот го вовлекуваат реагенсот во облакот – појасни директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Костадин Ацевски.

May be an image of 1 person and outdoors

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:авионска заштитаАрјанит Хоџа
Претходен напис Неодоливата камелија: Грмушка што цвета од есен до пролет
Следен напис Бачовски: Оризопроизводителите ќе добијат кофинансирање за набавка на комбајн
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?