Ненад Јанчов од с. Грљани е еден од помладите членови на јадрената група „Меден Исток“, која ги здружува пчеларите од брегалничкиот регион. Ненад има околу 120 пчелни семејства на три различни локации на надморска височина над 750 м.
Висококвалитетниот мед на младиот пчелар се потврдува со освоениот златен медал за квалитет на шумски мед на регионалниот натпревар во Нови Сад во 2019 г.
„Нашата семејна пчеларска приказна започнува со моето учество на обуката за млади пчелари на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), како и на напредната обука за вадење матичен млеч, перга и други пчелни производи. Мојот пчеларник беше и дел од научно-апликативното истражување на ПЗП, за тестирање на примената на биотехничките методи на пчеларење во регионот. Со примената на овие методи во здружението „Меден Исток“, акцентот не го ставаме на квантитетот, туку на добивање квалитетни 100% природни производи кои не содржат штетни хемиски средства, наспроти повеќето пчеларски производи што се нудат на пазарот, а не ја осигуруваат безбедноста и квалитетот на производите.“, вели Ненад.
Ненад Јанчов од „Меден Исток“: Акцентот го ставаме на добивање квалитетни 100% природни производи кои не содржат штетни хемиски средства

Остави коментар
Остави коментар