Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Ресен со владина поддршка ќе го решава проблемот со наглото повлекување на водата на Преспанско Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општина Ресен со владина поддршка ќе го решава проблемот со наглото повлекување на водата на Преспанско Езеро
Агровести

Општина Ресен со владина поддршка ќе го решава проблемот со наглото повлекување на водата на Преспанско Езеро

Објавено 12/02/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Ресен со владина поддршка ќе го решава проблемот со наглото повлекување на водата на Преспанско Езеро, изјави за МИА, градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски.

Преспанско Езеро, потенцира, е прогласено за споменик на природата, а како задолжен за чување, грижа и одржување на овој споменик на природата, навремено со соработниците презедовме мерки за заштита на езерото и секако ја информирав македонската Влада.

-Не сме осамени во мерките за заштита на Преспанското Езеро. Напротив на мое барање и предложен заклучок, добив целосна владина поддршка за преземање итни мерки за заштита за езерото. Според заклучокот, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе формира работна група од надлежни институции, стручните лица во најкус рок ќе извршат увид на состојбата со водостојот на Преспанското Езеро и ќе изработат извештај за причините за енормното повлекување на водата. Исто така, очекувам да предложат конкретни мерки и активност за спречување на понатамошното повлекување на водата од езерото, истакна Гошаревски.

Градоначалникот Гошаревски очекува во заедничките мерки и активности за заштита на Преспанското Езеро од повлекување на езерските води да се вклучат, и свои анализи и видувања да понудат пограничните општини од соседна Грција и Албанија, а се со цел да се стабилизира водостојот на Преспанско Езеро.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Живко ГошаревскиОпштина РесенПовлекување на водатаПреспанско езеро
Претходен напис Времето денес, врнежливо со температури до 15 степени
Следен напис Нема квалитетно грозје без капка пот да ти падне врз листот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?