Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Недимовиќ: Србија ќе извезува говедско месо и млеко во Саудиска Арабија, и јаболка и пченка во Индонезија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Недимовиќ: Србија ќе извезува говедско месо и млеко во Саудиска Арабија, и јаболка и пченка во Индонезија
Агровести

Недимовиќ: Србија ќе извезува говедско месо и млеко во Саудиска Арабија, и јаболка и пченка во Индонезија

Објавено 01/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ во гостување во емисија за РТС изјави дека Саудиска Арабија го отвора својот пазар за земјоделски производи од Србија, како и дека се водат преговори со двајца големи инвеститори кои се занимаваат со преработка на пченка.

„Вчера ни беше потврдено дека Саудиска Арабија го отвора својот пазар за земјоделски производи од Србија – говедско, јагнешко, млеко и млечни производи, а потпишавме договор и со Индонезија, тие отвораат прво за јаболка, за пченка, а потоа продолжуваме кон нови пазари“, рече Бранислав Недимовиќ.

Недимовиќ тврди дека и годинава ќе има храна во Србија, а посочува дека лани е забележан рекорден извоз од пет милијарди долари.

Деновиве во српските медиуми се споменуваше дека кинеска компанија ќе инвестира во преработка на пченка, а министерот Недимовиќ вели дека се преговара со двајца големи инвеститори – еден од Египет и еден од Кина.

„Двете држави се занимаваат со преработка на пченка и производство на гликоза, некои сирупи и производи за фармацевтската индустрија. Тоа се финалните премиум производи од пченката. Нивната идеја е да се преработат околу половина милион тони пченка. Тоа се сериозни работи“, посочува Недимовиќ.

Тој вели дека министерот за земјоделство на Египет најавил дека во март ќе дојде во Србија токму поради реализацијата на таа инвестиција.

„Тоа е многу добро затоа што веќе не мораме да продаваме суровини, туку правиме полупроизвод или финален производ кој е многу поскап. Тоа е целта на земјоделството“, посочува Недимовиќ.

Недимовиќ истакна дека има и конкурси кои се отворени за набавка на роботи за молзење, кои луѓето ги бараат поради недостаток на работна сила. Тој посочува дека за прв пат на пазарите, плоштадите и улиците ќе има млекомати со свежо млеко од фармите.

Во однос на претстојната сеидба посочи дека е обезбедено семе за сеидба и дека нема причина за загриженост.

„Што се однесува до пченката и другите култури кои одат на пролет, не грижете се, ние имаме сопствено производство и немаме никакви проблеми“, нагласува Недимовиќ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:недимович
Претходен напис Времето денеска облачно со повремени врнежи од снег
Следен напис Нема штети во земјоделството од ниските температури, може да почне кроењето на лозата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?