Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема штети во земјоделството од ниските температури, може да почне кроењето на лозата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нема штети во земјоделството од ниските температури, може да почне кроењето на лозата
Агровести

Нема штети во земјоделството од ниските температури, може да почне кроењето на лозата

Објавено 01/02/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Исклучително студеното време што ја зафати земјава минатата недела со температури и до -20 степени, не предизвика никакви штети кај земјоделските култури, велат агрометеоролозите.

Според нив, стабилизирањето на времето деновиве, со повеќе сонце, повремена облачност и врнежи од дожд или снег како денеска, е мало релаксирање од температурниот шок во изминатиот период. Дури, ако почвените услови дозволуваат, може да се почне и со кроењето на виновата лоза.

– Ниските температури минатата недела беа во границите на издржливост на културите и се вообичаени за овој период од годината. Во реоните каде што температурите беа најниски, имаше и снежна покривка која дополнително штити од измрзнувања, објаснуваат агрометеоролозите од УХМР.

Временски услови неделава, со минимални температури од -4 или -5 степени и дневни меѓу 3 и 11 степени, исто така се очекува да им годат на културите во услови на презимување.

– Доколку почвените услови тоа го дозволуваат, земјоделците да влезат во нивите. Може да се почне со кроењето на виновата лоза зашто тоа е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме, истакнуваат од УХМР.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кроење
Претходен напис Недимовиќ: Србија ќе извезува говедско месо и млеко во Саудиска Арабија, и јаболка и пченка во Индонезија
Следен напис Почина творецот на популарните бисквити „Домаќица“ и „Плазма“, кој не патентирал ниту еден свој производ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?