Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наводнувањето на луцерката дава добри резултати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Наводнувањето на луцерката дава добри резултати
Растително производство

Наводнувањето на луцерката дава добри резултати

Објавено 29/06/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Наводнувањето на луцерката е значајно од повеќе причини, таа се одгледува на ограничени површини, кои се поврзани со сточните фарми или за преработувачки капацитети, така што варирањето на приносот мора да биде сведен на минимум.

Приносите мора да бидат на високо и на стабилно ниво, не само поради исхраната на сточниот фонд или континуираната работа на преработувачките капацитети, туку за да се постигнат и високи економски резултати на вложените иневстиции во изградбата на системот за наводнување.

За високо производство на биомаса, луцерката бара и троши големи количини вода, која не е надополнета со природните врнежи во одредени климатски услови.

Наводнувањето има посебно значење во производството на семе од луцерка.

Наводнување на луцерка

На луцерката ѝ е потребна голема количина вода, поголема отколку на другите растителни видови. Транспирацискиот коефициент е висок 600 mm – 900 mm, со оглед дека има долга вегетација и интензивно создава вегетативна маса после секој откос сѐ додека за тоа постојат услови. Повеќегодишно растение, се разликува од едногодишните посеви по тоа што нема изразени критички периоди за вода, туку постојано е многу активна, бара постојана оптимална влажност на земјиштето, а потрошувачката на вода зависи од фазата на раст и енергетските можности на средината. Во услови на оптимална снабденост со вода се постигнуваат високи и стабилни приноси.

Во првата година на вегетација, при пролетна сеидба, младата луцерка троши значително помалку вода на евапотранспирација, што е нормално бидејќи дава три откоси и постигнува помали приноси. Во следните три години евапотранспирацијата на луцерката е поголема, поради доста големата лисна површина, поголем број на откоси и повисоки приноси.

Во поедини години разликите во вкупната потрошувачка на вода во услови со и без наводнување не се големи, бидејќи луцерката добро користи резерви на вода од земјиштето акумулирани пред вегетацијата.

Вкупните потреби за вода во првата година се 545 мм до 585 мм, додека во наредните години се поголеми – 670 мм до 730 мм.

За поедини откоси потребите за вода се 140 мм до 170 мм, освен петтиот откос кој бара и троши помалку вода – 85 мм до 115 мм. Исто така и привот откос во првата година, после сеидба бара многу повеќе вода, околу 240 мм бидејќи вегетацискиот период му е многу подолг од останатите откоси. Примената на наводнување по откоси е едноставна, се наводнува после косење, штом зелената маса или сено ќе се тргнат од парцелата. На овој начин, загубите на вода со испарување се големи бидејќи површината е незасенчена, без растителен покривач.

Резултати од наводнувањето

Наводнувањето може да се спроведува и десет дена после косењето, штом се намалат загубите на вода со испарување, бидејќи земјиштето е покриено со растителна прекривка. Освен тоа, од доцното наводнување во земјиштето останува доволна резерва на лесно пристапна вода за почеток на регенерацијата на следниот откос.
Кај примената на наводнување според откоси неопходно е да се анализираат зимските предвегетациски дождови, односно резерви на вода во земјиштето, потоа да се следат количините и распоредот на врнежи во период на вегетација. Помеѓу две косења, би требало да се наводнува со помали количини од 25 мм до 30 мм.

Бројот на наводнувања зависи од условите за производство. Првиот откос не треба да се наводнува бидејќи во земјиштето има доволно вода од зимските резерви кои се дополнуваат со врнежи во период на негова регенерација.

Меѓутоа, во поедини години наводнувањето е потребно. Дали ќе се спроведе наводнување на вториот откос, одлуката се донесува со анализа на зимските резерви на вода во земјиштето и вегетациските врнежи. Третиот и четвртиот откос секогаш е потребно да се наводнува, додека петти откос може да се постигне само во услови на наводнување.

Извор: agroinfonet.com

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:луцерка
Претходен напис Дали екстремните жештини на крајот на јуни ги намалуваат добрите изгледи за принос на житарките?
Следен напис Данска веќе нема диви свињи – и последната усмртена поради превенција од aфриканската свинска чума
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?