Повисоките температури и соодветното снабдување со влага доведоа до забрзан раст на зимските и пролетните житни култури. Според јунското издание на JRC Mars Bilten, проценката на приносот на зимските посеви во Европската Унија е ревидирана на подобро.
Според нив, изгледите за мека пченица, јачмен, рж и маслодајна репка се над петгодишниот просек. Очекувањата од пролетните посеви се различни и неизвесни бидејќи е рано за предвидување.
Во поголемите делови на Европа, пониските пролетни температури од вообичаените имале влијание на посевите, но сѐ потоплото време во комбинација со врнежите го забрзале фенолошкиот развој на зимските и пролетните култури, со што се подобрени изгледите за приноси. Меѓутоа, екстремните жештини на крајот на јуни сепак би можеле да влијаат на негово намалување, но повеќе инфорамации за тоа ќе бидат достапни во следното издание на извештајот.
Во Балтичкиот регион повеќе болести и штетници
Натпросечно ниските температури на крајот на петтиот и почетокот на шестиот месец, во Средна Европа го продолжија доцнењето на растот на зимските посеви, но и помогнале да се избегне стресот на растенијата во текот на сушата. Дефицитот на дождови во Средна Италија и Португалија имале ограничено негативно влиајание на зимските посеви во подоцнежната фаза на развој, додека вишокот на врнежи во југозападна Шпанија и јужната црноморска регија имале претежно благотворно дејство.
Премногу влажните услови во Балтичкиот регион довеле до зголемен притисок од штетници и болести, но ги отежнале и теренските активности. Понатаму, во Северна Германија и Јужна Данска недостигот на сончеви зраци во време на цветање на зимските култури го намали потенцијалот на приноси.
Во JRC Mars Biltenu истакнуваат дека житната кампања во северна Африка ја обележиле дефицити на дожд често проследени со натпросечни темепратури во Алжир, Среден Тунис и Западна Либија. Како последица на тоа, изгледите за принос на овие култури се над петгодишниот просек во Тунис и Мароко, под овој просек се во Алжир, додека во Либија и Египет се во согласност со нив.
Во Украина до крајот на мај биле поволни условите, што довело до добар напредок на растеијата и ветувачки приноси. Но, се очекува дека невремето кое дополнително е забележано на југ и исток на оваа земја ќе има негативно влиајние на квалитетот и количината на пченицата, зголемувајќи ја неизвесноста околу очекуваниот род.
Светско производство: 2.301 милијарди тони
Меѓународниот совет за житарки (IGC) предвидува дека вкупното светско производство во оваа сезона ќе се зголеми за 85 милиони тони, до нов рекорд од 2.301 милијарди тони жито. Резултат на тоа е раст на приносите на пченица, пченка, овес, просо и тритикале. Сепак, со оглед на рекордните прогнози на потрошувачка на храна, сточна храна и индустриски цели, се предвидува само благ пораст на залихите. Со нешто поголема вкупна месечна потрошувачка и намалени почетни залихи, нивниот пренос на крајот на сезоната 2020/2021 е намален за пет милиони тони.
Се очекува светската трговија со жито во текот на јуни и јули да биде најголема во историјата. Поради поголемиот увоз на пченка и јачмен во Кина, прогнозата за светската трговија на крајот на сезоната е зголемена за пет милиони тони, на 425 милиони тони.
Извор: agroklub.rs
