Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Научниците по Леонардо Дикаприо именуваа нов вид тропско дрво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Научниците по Леонардо Дикаприо именуваа нов вид тропско дрво
Магазин

Научниците по Леонардо Дикаприо именуваа нов вид тропско дрво

Објавено 11/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Познатиот глумец Леонардо Дикаприо е добитник на многу филмски награди, но неговото последно признание доаѓа од група меѓународни научници од лондонската Кралска ботаничка градина Кју и Националниот хербариум на Камерун, кои му оддадоа почит на холивудскиот актер и еколошки активист со именување на нов вид тропско дрво по него.

Uvariopsis dicaprio доаѓа од шумата Ебо во Камерун, се наведува во соопштението за печатот во кое беше објавена веста за новото тропско дрво. Ова зимзелено дрво со големи жолтеникаво-зелени цветови е првото дополнување на листата на нови видови за 2022 година од страна на лондонската Кралска ботаничка градина.

Една од најголемите релативно недопрени прашуми во централна Африка е дом на народот Банен и уникатна флора и фауна, вклучувајќи загрозени горили, шимпанза и шумски слонови. Во ботаниката, растенијата често се именувани по научници кои покажале посветеност на полето на истражување. Леонардо Дикаприо го привлече вниманието на клучната област на биолошката разновидност на Јабаси кога минатата година беше загрозена од концесијата за сеча.

„Шумата Ебо и сите неверојатни животни што живеат таму се во неволја. Тоа ги вклучува шумските слонови, горили, шимпанза и многу други. Да помогнеме да се спаси шумата Ебо“, напиша актерот на Твитер во август 2020 година. Еден месец подоцна, владата на Камерун ја укина концесијата за сеча.

„Ја цениме поддршката што Лео ни ја даде во минатогодишната кампања за зачувување на Ебо, па се чинеше соодветно да му оддадеме почит на овој начин, именувајќи го видот единствен само за оваа шума, по него“, рече Мартин Чик, научник од RBG Kew кој беше вклучен во истражувањето.

„Да продолжеше концесијата за сеча, веројатно ќе го загубевме овој вид поради сечата, земјоделството и палењето што вообичаено следи по концесиите за сеча.“, рече тој.

Uvariopsis dicaprio е критично загрозен вид бидејќи е населено во незаштитено шумско живеалиште кое е изложено на опасности, вклучително и сеча и рударство.

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:леонардо дикаприо
Претходен напис Укината забраната за камиони преку Ѓавато и Маврово-Дебар
Следен напис Турски фармер користи наочари за виртуелна реалност за да го зголеми приносот на млеко од кравите и да им го намали стресот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?