Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Подигнете насад со каjсија која e отпорна на болести и со доцно цветање со што се избегнуваат пролетни мразеви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Подигнете насад со каjсија која e отпорна на болести и со доцно цветање со што се избегнуваат пролетни мразеви
АгровестДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Подигнете насад со каjсија која e отпорна на болести и со доцно цветање со што се избегнуваат пролетни мразеви

Објавено 28/10/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Подигнување на нов насад со кајсии е добра идеја која може да ви обезбеди дополнителен приход или егзистенција.

Искуствата на земјоделските производители кои се занимаваат со овоштарство зборуваат дека најмал проблем со пласманот имаат токму со кајсијата која е најчесто се извезува и држи добра цена.

Последниве години поради климатските промени, најголем проблем за одгледување на касијата е опасноста од пролетните мразеви кои можат значително да го намалат приносот. Токму затоа се поактуелни стануваат сорти кои цветаат покасно со што се избегнува оваа опасност по родот.

За нашето поднебје предвидено е засадување на нова сорта на кајсија „ФАРБАЛИ“ која е отпорна на болести, барана на европскиот пазар и како најважен момент е сорта со доцно цветање со што се избегнуваат доцните пролетни мразеви.

Со оглед на тоа што се ближи периодот на садење на овошките ова е време кога треба да се подготвува почвата за подигнување на новиот насад со кајсија.

Припрема на почва подразбира, орање, чистење од плевели и ѓубрење. Како и пред засадувањето на секој садник така и кај кајсијата потребно е ѓубрење со ѓубриво кое содржи висок процент на органски материи.

Следен процес е отварање на дупки но треба да се води сметка отворите да не се изведуваат со сврдел како не би дошло до циментирање на ѕидовите на отворот, со што понатаму би довело до проблеми со садникот или во крајна мера сушење поради неможноста кореновиот систем да се шири и развива.

За нашето подрачје, веќе спомнавме дека е предвидено засадување на нова сорта на кајсија ФАРБАЛИ, отпорна на болести, барана на ЕУ пазарот и како најбитен момент со доцно цветање како би се избегнале доцните пролетни мразеви.

За еден хектар потребни се 500 садници , цената по која можат да се набават кај нас е 2,40 евра.

Како и кај секое растение така и кајсијата потребно е наводнување но не премногу често зашто времето на вегетација е кратко и ги избегнуваме високите летни температури.

Потребно е третирање 7-9 пати во текот на вегетација, а доколку производителот се определи за органско производство третирањата можи да достигнат до 10 пати во зависност од временските услови.

После третата година го дава првиот род, а после 4 година достигнува 50-70 килогарми по стебло.

Пишува: Ангела Ѓеровска Ѓуровска

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Мерки за закрепнување на лозјата по период на доцни пролетни мразеви
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Таг:ангелакајсијамразевинасадрод
Претходен напис Следната година замрзнатата малина ќе има повисока цена
Следен напис Нови играчи на пазарот на свинско месо поради африканската свинска чума
1 коментар 1 коментар
  • Sasko напиша:
    на 26/03/2020 г. во 16:58 часот

    Koja e minimalmata povrsina na nasad koj se podiga za da moze da se aplicira preku ipard

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?