Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НАСА открива: Русија во Украина ожнеала пченица вредна милијарда долари – Каде завршила пченицата?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НАСА открива: Русија во Украина ожнеала пченица вредна милијарда долари – Каде завршила пченицата?
Агровести

НАСА открива: Русија во Украина ожнеала пченица вредна милијарда долари – Каде завршила пченицата?

Објавено 15/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според истражувањето засновано на сателитски снимки од Програмата за безбедност на храната и земјоделството на НАСА, Украина загубила најмалку една милијарда долари од пченицата собрана на територијата окупирана од Русија.

НАСА користела модел на машинско учење кој ги мапира промените во текстурата и бојата врз основа на сателитски снимки направени од 12 до 26 јули, и на тој начин ги мапирала локациите на посевите што биле ожнеани, и на оние кои не биле.

Извештајот на НАСА (NASA Harvest), покажува дека речиси 6 милиони тони пченица биле собрани од територии кои не се контролирани од Украина. Станува збор за околу 88 отсто од зимските култури на окупираните територии. Оние кои не биле ожнеани најчесто се наоѓаат по линијата на фронтот.

NASA Harvest calculated that farmers harvested 26.6 million tons of wheat in 2022, several million tons higher than expected in leading forecasts. However, Ukraine does not have access to 22% of that wheat in the eastern part of the country due to the war.https://t.co/I6QwkUR85R

— Harvest (@HarvestProgram) December 5, 2022

Како што објаснуваат, во прикажаниот мозаик од природни бои се издвојуваат неожнеаните полиња со пченица (темно кафеава) во споредба со ожнеаните (светло кафени) полиња на северот и југот на Украина. Посветлата кафеава боја ги претставува растителните остатоци кои ги покриваат полињата по жетвата.

Пченицата, пишува Блумберг, завршува на руски бродови и се извезува во земји како Либија и Иран. Не се знае колкава е количината, бидејќи испраќачите го кријат потеклото. Во Русија ја негираат кражбата, но според Блумберг, нивните официјални лица велат дека продолжуваат испораките од окупираните пристаништа.

Фото/НАСА/Снимено на 16 јули

НАСА проценува дека станува збор само за пченица, а ги исклучуваат другите култури.

Главниот обвинител на Швајцарија предупреди дека комерцијализацијата на ограбените суровини може да стане воено злосторство.
Од украинската компанија „HarvEast“ велат дека сите зимски посеви што ги посеале во регионот на Доњецк летово ги украле окупаторите.

„Годинава зимската пченица таму даде многу висок принос, благодарение на поволните временски услови“, изјави извршниот директор Дмитро Скорњаков, додавајќи дека се што е собрано на нивните ниви е украдено и одземено од Украина.

Тимот на NASA Harvest пресметал дека земјоделците собрале 26,6 милиони тони пченица во 2022 година, што е неколку милиони тони повеќе од предвиденото. Сепак, тоа е пад од рекордната жетва од претходната година, но блиску до петгодишниот просек од 27,9 милиони тони. Но, на истокот од земјата поради војната немале пристап до 22 отсто од површините под пченица.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:НАСАпченицарусијаукраина
Претходен напис (ВИДЕО) Погледнете како изгледа првиот електричен лесен трактор, односно прототип со беспилотна технологија кој се нуди како еколошко решение за фармите
Следен напис Што сѐ влијае на несењето јајца кај кокошките? Несоодветната исхрана предизвикува намалена несивост и лош квалитет на јајцата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?