Кокошките несилки бараат совршено урамнотежен и добро избалансиран оброк за да се одржи максималното производство на јајца. Недоволно или прекумерно ниво на енергија во оброкот ќе предизвика помала или поголема консумација на храна, доколку живината не се храни на оброци, што доведува до намален или прекумерен внес на други градиенти и низ еден подолг период до проблеми кои организмот на кокошката не може да ги реши.
Прекумернoто или недоволното внесување на протеини, првенствено есенцијални амино киселини или калциум, може да предизвика намалување на производството. Се препорачува смесите за кокошки несилки да содржат 16-18% протеини и соодветна количина на енергија, калциум, фосфор и цела палета на микроелементи и витамини.
Несоодветната исхрана предизвикува намалена несивост на прво место, но и лош квалитет на јајцата, особено слаб квалитет на лушпата. Чести се и пролапсусите при несење крупни јајца, губење и колвење на пердувите, па дури и хранење со угинати кокошки.
Водата е таа на која кокошките реагираат речиси моментално. Количеството и квалитетот на водата треба постојано да се проверуваат. Често се случува, особено во кафезниот систем, поедини поилки или сегменти од системот за напојување да се затнат и тоа да помине незабележано одреден временски период. Хигиенската исправност на водата е примарна, не само за здравјето на кокошките туку и за луѓето кои ги консумираат овие јајца. Премногу студена или топла вода значително влијае на нејзината консумација, а со тоа и директно на несивоста. Доколку кокошките останат еден ден без храна, нема да дојде до драстичен пад на несивоста. Доколку останат без вода еден ден, особено во топлите денови, неизбежно е значително намалување на несивоста или ако немаат доволно вода само три дена, ќе почнат да се митарат и во целост ќе престанат да несат јајца.
Должина на денот или недоволен интензитет на светлина

На кокошките им се потребни 14-15 часа дневно за да го одржат производството на јајца. Ако должината на денот за кокошките се намали на 12 часа два до три дена, тие многу брзо ќе ја намалат нивната несивост, па дури и целосно ќе престанат да несат и ќе почнат да се митарат. Кокошките реагираат на дневната светлина, па доколку се спојат природната и вештачката светлина, веќе од крајот на јули должината на денот треба да се продолжи со примена на вештачко осветлување.
Превенција на болести кај кокошките
Постојат низа мерки до кои мора да се придржува секој живинар за неговата живина да биде здрава.
-Првата работа е да купите здрава живина и да бидете сигурни дека е здрава, уверете се дека е прописно заштитена од заеднички болести.
-Друг услов е заштитата на живината на сопствената фарма. Мора да биде изолирана од контакт со друга живина, друг вид добиток и да се заштитат од луѓето (непотребни посети).
-Третата работа е беспрекорно одржување на хигиената во и околу објектот.
-Следниот важен момент е безопасно отстранување на угинатата живина.
Стрес
Секаков стрес, преместување на кокошките, други манипулации со кокошките, промени во условите на околината или предизвикување паника меѓу кокошките, може да придонесе кокошките да ја намалат нивната несивост или целосно да престанат да несат јајца.
Најчести стресни ситуации се:
-нагла промена на температурата во објектот (ладење или затоплување),
-преместување,
-паразити (надворешни и внатрешни, често може да бидат причина за стрес),
-грабливци (бувови, мачки, кучиња, стаорци, итн.).
