Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наместо да црта, одгледува влакнести свињи: Цената за килограм шунка достигнува и до 90 евра!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Наместо да црта, одгледува влакнести свињи: Цената за килограм шунка достигнува и до 90 евра!
Предлог бизнисСточарско производство

Наместо да црта, одгледува влакнести свињи: Цената за килограм шунка достигнува и до 90 евра!

Последна измена: 25/08/2020 09:32
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Германскиот одгледувач на свињи, Андреј Бабиц решил да започне со одгледување на нешто поразлично, односно решил да одгледува т.н. влакнести свињи, кои во научниот свет и меѓу познавачите уште се нарекуваат и унгарски мангулици.

„Јас сум сликар по професија, но отсекогаш сум сакал да работам  земјоделство. Пред пет години, мојата сопруга и јас превзедовме една напуштена фарма од мојот дедо во близина на градот Гисен и ја адаптиравме за екстензивно одгледување на свињи“, вели Бабиц.

 Се одлучиле за одгледување на малку поспецифична и не многу позната раса на свињи, а нивна главна цел била да ја зачуваат оваа раса од истребување. Инаку, таа веќе е на списокот на загрозени животни, а на одгледувачот му било тешко да пронајде барем неколку единки кои ќе ги одгледува, пишува top agrar. 

Раса, отпорна на болести

Унгарската мангулица е свиња со средна големина, релативно ниска и широка, што  особено доаѓа до израз кај поголемите свињи,  многу е отпорна на болести и има одлична способност за прилагодување на скромните услови за одгледување и хранење. Главата и е средно долга, а профилната линија на носниот дел од черепот е малку конкавна. Вратот и е средно долг и мускулест, како и грбот, кој е малку заоблен и не премногу тесен.

Маториците во просек се високи околу 70 – 80 сантиметри. Градите им се кружни и длабоки. Нозете им се правилни, но со малку помек скелет. Но иако скелетот е пофин, коските се многу тешки.

Тежината на маториците се движи од 120 до 180 кг, а на крмаците од 180-200 кг. Но, разликите во тежината исто така постојат во зависност од видот, при што белите и црвените типови се малку поголеми во однос на  тежината, додека влакнестиот вид е помал и таквите маторици тежат од 100 до 150 кг.

Цената на шунката достигнува дури и до 90 евра за килограм

Унгарија сè уште е најголемиот производител на мангулици во светот, но нивната популарност во кулинарството брзо се шири и во другите европски земји, како и во САД.

„Иако имавме дури 80 од нив до минатата година, по големата штета предизвикана од сушата, која ни ги намали приносите од жито, нè натера нивниот број да го преполовиме“, посочува Андреј и додава дека бирократијата му создава најголеми проблеми. За да обезбеди дзвола за одгледување му биле потребни три години.

Но, тие воопшто не жалат и како што тврдат сопружниците, бизнисот им цвета. “Маснотијата на овие свињи  воопшто не може да се спореди со другите свињи. Таа е вистински носител на вкусот. Ги продаваме сите делови од месото. Чадената сланина секогаш е распродадена уште пред да излезе на пазарот, а  цената на шунка се движи помеѓу 60 и 90 евра за килограм“,  вели овој одгледувач. Тие продажбата ја вршат преку телефон, затоа што нивната веб-страница сè уште е во изработка.

Андреј признава дека  имаат за цел да го прошират имотот. „Сега  само ќе работиме и ќе се трудиме затоа што е премногу забавно  за да се откажеме“, заклучува Бабиц.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Велче Црвенов: Наместо работа во Швајцарија, семејна фарма со 100 грла овци од расата Асаф и убав живот дома
(ВИДЕО) Илиевски : Задоволни сме од производството, со напорна и сложна работа, успехот е загарантиран!
Германци бегаат од оваа работа иако заработуваат 3.000 евра месечно: Се потешко е да се задржат и странските берачи
Одлука за 50% од јагнињата во кланица – сточарите се жалат: Негативно влијае на бројот на стада
Како да направите печуркарник од просторија 4×4, кој има капацитет од 250 вреќи и што сè ќе ви биде потребно
Таг:Андреј Бабицвлакнести свињиодгледување на свињиУнгарски мангулицифарма со свињи
Претходен напис Денес можни локални врнежи – од утре повторно стабилно, суво и сончево време
Следен напис Услови и потребна документација за користење средства од ИПАРД, мерка 7 – „Инвестиции во услуги за руралното население“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?