Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
Агровести

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас

Објавено 12/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пожарот што вчера околу 13:30 часот избувнал кај депонијата во Ново Село се проширил кон околните ридови и шумскиот појас. Според објавените информации, пожарот бил намерно предизвикан, а лицата кои фрлале запалив отпад се идентификувани и евидентирани. За случајот се води постапка во соработка со СВР Струмица.

Во гаснењето биле вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари од ТППЕ Струмица, доброволци од ДПД „РИС-ОПЕРАТИВЦИ“ од Ново Село, ЈКП „Комуна“, вработени во општината, како и компанија која со камиони кипери носела земја на теренот.

Од струмичката противпожарна единица информирале дека огнот излегол од просторот на депонијата и зафатил околна вегетација, ридови и шумски делови. Гаснењето било отежнато поради високите температури, силниот ветер, сувата вегетација и големото количество отпад, кои овозможувале пожарот брзо да се шири.

Во текот на ноќта на терен останале три противпожарни возила со осум пожарникари-спасители, кои продолжиле со гаснењето на пожарот.

Од ТППЕ Струмица ги повикаа граѓаните да не се приближуваат до опожареното подрачје и да ги следат насоките на службите кои интервенираат на терен.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, пожарот кај Ново Село зафатил дел од депонијата, мешана деградирана шума и ниска вегетација.

Може да ви се допадне

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
Тиквички со туна
Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
Без струја Момин Поток, оснвното училиште во Петровец и ЈП Паркови и зеленило
Превозниците ќе чекаат до 1 септември, од исходот на состанокот во Брисел ќе зависи дали ќе излезат на протести
Таг:Намерно подметнатново селопожаршумскиот појас
Претходен напис Тиквички со туна
Следен напис Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?