Научниците постојано создаваат сорти кои се поотпорни на болести и штетници и носат повисоки приноси. Сортата на домати наречена Namdhari-4266 е создадена од Универзитетот за земјоделство и технологија Chandrashekhar Azad CSA во Канпур, Индија, пишува Agroklub.
Главната разлика во однос на другите сорти е приносот, а оваа сорта може да даде од 61 до 71 тон по хектар.
Предноста на сортата е нејзината отпорност на штетници и болести, што ги намалува трошоците. Не бара големи количини на вода, што го олеснува производството, бидејќи доматите инаку се голем потрошувач, а се користи и наводнување капка по капка. Родот стигнува за 45 дена.
Трошоците за сеидба, наводнување, окопување, компостирање и други работи при неговото одгледување се околу 50.000 рупии по хектар (570 евра). Одгледувачите тврдат дека лесно се одгледува. Во Индија сеидбата се врши во септември или октомври, а садењето садници од декември до февруари.