Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Погледнете како изгледа животот на најстуденото место во светот каде што температурите се спуштаат и под -50 степени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ФОТО) Погледнете како изгледа животот на најстуденото место во светот каде што температурите се спуштаат и под -50 степени
Магазин

(ФОТО) Погледнете како изгледа животот на најстуденото место во светот каде што температурите се спуштаат и под -50 степени

Објавено 12/01/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Селото Ојмјакон во далечниот источен дел на Сибир се смета за најстудено населено место на планетата – најниската измерена температура таму е -71,2 °C. Можете ли да замислите како изгледа секојдневието во ваква „санта мраз“?

Ојмјакон е руско село во Република Саха, на брегот на реката Индигирка, со население од околу 500 жители.

Најниската измерена температура е -71,2 степени, додека просечната температура во градот во зима се спушта на -58 степени Целзиусови, но во текот на летото температурите може да достигнат 25-30 Целзиусови степени.

Бидејќи селото се наоѓа во близина на Северниот Пол, должината на денот и ноќта во текот на годината драстично варира – во текот на декември денот трае само три часа, а во јуни дури 21 час.

И покрај сето ова, благодарение на чистиот воздух, здравата исхрана и чистата вода, жителите на Ојмјакон се познати по својата долговечност.

Нема мобилна телефонија, бидејќи уредите можат да замрзнат во џебовите, а оние што немаат загреана гаража, не ги исклучуваат автомобилите преку ноќ, бидејќи наутро не би можеле да ги стартуваат.
Поради проблеми со замрзнатите цевки, тоалетите најчесто се наоѓаат надвор од куќите.
Живата буквално се замрзнува во термометрите, дури и мастилото во пенкалата, а кога топла вода ќе се стави во чаша и ќе се истури, се претвора во снежен облак.

Најчесто се јаде месо. Населението на Ојмјакон најмногу се занимава со сточарство и риболов. Поради екстремно ниските температури и тоа што почвата замрзнува до длабочина од 1.500 метри, не е можно одгледување жита, овошје или зеленчук, а во исхраната се вклучени и диви плодови од локални растителни видови.

Меѓу локалните специјалитети се млечните производи „хајак“ и „кјорче“, кои се слични на путерот и сладоледот, како и најпознатото ојмјаконско јадење – „строганина“ (изгребана свежо замрзната риба).

Децата одат на училиште и кога температурата ќе падне на -50. Наставата за учениците од прво до петто одделение се откажува само доколку температурата се спушти под -52 степени.

Областа е богата со експлоатативни наоѓалишта и рудници на злато, како и со топли извори, а туристите кои ги посетуваат овие области – главно го прават тоа за да ги тестираат сопствените граници.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:-50 степенинајстуденото местоПогледнететемпературите
Претходен напис Дали и колку е важно редовно да се анализира водата со која се пои добитокот?
Следен напис Namdhari – Сорта на домати која дава приноси и до 71 тон по хектар!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?