Развојот на пченицата и висината на приносот зависат од временските услови и правилната примена на агротехничките мерки. За озимата пченица особено важен е процесот на јаровизација, односно изложеност на ниски температури во текот на есента и зимата, што овозможува премин од вегетативна во генеративна фаза и формирање на клас.
Во текот на вегетацијата пченицата поминува низ фазите на клиење, никнување, бокорење, влатање, класење, цветање, формирање и зреење на зрното. Секоја од овие фази има важна улога во формирањето на приносот.
Фазата на созревање е последната и една од најважните фази во развојот на пченицата. Во овој период завршува наливањето на зрното, постепено се намалува содржината на влага, а хранливите материи се пренесуваат од листовите и стеблото во зрното. Од условите што владеат во текот на созревањето директно зависат приносот и квалитетот на пченицата.
Најчувствителен период е од цветањето до зреењето на зрното, кога високите температури и недостигот на вода можат значително да го намалат приносот. Во овој период пченицата има потреба од доволно влага, избалансирана исхрана со азот, фосфор и калиум и поволни темперетурни услови за правилен развој и наливање на зрното.
Агрометео
