Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Намалување на цените за катастарските услуги до 75% најави директорот Живковски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Намалување на цените за катастарските услуги до 75% најави директорот Живковски
Агровест

Намалување на цените за катастарските услуги до 75% најави директорот Живковски

Објавено 23/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, најави дека наскоро ќе се намалат цените на услугите на Агенцијата, достигнувајќи намалување и до 75 проценти. Оваа одлука доаѓа по бројните реакции во јавноста на покачувањето на цените од страна на претходното раководство во февруари 2024 година.

„По завршувањето на потребната законска постапка, граѓаните наскоро ќе можат да ги добијат услугите на Агенцијата по значително пониски цени,“ изјави Живковски. Според него, доколку сега се склучи договор за купопродажба на стан, потребно е да се изврши упис во катастарот на четири имотни листа – за станот, земјиштето под зградата, заедничките простории и паркинг-местото. Во моментот за оваа услуга се плаќа 5 000 денари, но со предложените измени, цената ќе се намали на 1 250 денари по правен основ.

Живковски исто така најави намалувања и во случаите на оставински постапки и договорите за подарок, каде што наплатата ќе биде 1 250 денари по правен основ за една катастарска општина, без разлика на бројот на имотните листови.

Директорот истакна дека Агенцијата има клучна улога во регулацијата и развојот на гео-просторната инфраструктура, урбанистичкото планирање и пазарот на недвижности. Промените во цените се само вовед во најголемата реформа и модернизација на катастарот на недвижностите во државата, нагласи Живковски.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис Превентивна активност на СВР Велес: Земјоделската механизација да биде во исправна техничка состојба
Следен напис МЗШВ: Префрлени се средствата на  АД Водостопанство за заостанатите плати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?